Јуцка Јакимовска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД како член на воспитна група. Во авrуст 1944 година стапила во дополнителниот баталјон на Осумнаесеттата македонска ударна бригада. Учествувала во борбите на Бригадата со германски и бугарски војски кај Никуљане, Рељан, Гуштрње. Подоцна, по капитулацијата на Бугарија, учествувала во борбите со балистичките единици во околината на Прешево и Бујановац. Била учесник и во борбите за ослободувањето на Куманово, Скопје, рудникот Радуша, Тетово и Гостивар. Со Треттата македонска ударна бригада заминала на Сремскиот фронт. Била делегат на вод. Со својот вод јуришала на германските и усташките бункери. Во јули 1945 била демобилизирана.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ