мини|Продажен автомат за кока-кола Продажен автомат — уред што врши малопродажба на стоки и услуги, чија наплата и издавање се реализираат со помош на технички уреди што не бараат непосредно учество на продавачот.
Продажниот автомат се состои од преграда за складирање на стоката (или компоненти на стоката), уред за прифаќање наплата и уред за издавање. Плаќањето може да се врши со помош на прифаќачи на монети, банкноти и картички, како и преку СМС или интернет. Во некои автомати, стоката се произведува од компоненти непосредно во уредот за издавање. Постојат и продажни автомати со „обратно дејство“, односно такви што откупуваат шишиња и лименки за готовина.
Продажни и непродажни автомати Продажните автомати се разликуваат од автоматите што нудат различни видови услуги (телефонски автомати, машини за игри на среќа, машини за изработка на сувенирни монети и сл.), по продажбата на конкретна стока.
Сепак, некои видови автомати не подлежат на строга класификација. На пример, автомат за наплата на воздух за гуми или автомат од типот „кран-машина“ што издава плишани играчки, можат подеднакво да се сметаат за продажни автомати како и автомат за продажба на газирана вода без сируп. Од друга страна, автоматска бензинска пумпа со уред за прифаќање кредитна картичка, по правило, не се смета за продажен автомат, бидејќи се претпоставува дека раководителот на бензинската пумпа може да прифати и готовина.
Законот на Украина го определил продажниот автомат пошироко: автомат за продажба на стоки (услуги) — тоа е „регистратор на фискални операции, кој во автоматски режим врши издавање (давање) за готовина или со примена на платежни картички, жетони и сл. на стоки (услуги) и обезбедува соодветно евидентирање на нивната количина и вредност“. Под оваа определба за „продажен автомат“ спаѓаат и електронските регистар-каси.
Наводи
Надворешни врски
In Praise of Vending Machines
Категорија:Опрема Категорија:Малопродажба