мини| Марта Бејли Марта Бејли (родена 1960) е канадска поетеса и романописец.

Биографија Бејли била родена во Торонто, Онтарио. Студирала историја, француски и руски јазик на Универзитетот во Единбург, а студиите ги завршила на Сорбона, Париз и на Универзитетот во Торонто. Таму се вклучила во театарот. Во 1981 година, по подолго патување низ Азија, одлучила да го префрли својот фокус од глума на пишување. Краток период била наставничка по француски јазик и англиски јазик, па се вработила во Јавната библиотека во Торонто, каде што е моментално вработена. Нејзините дела се објавени во Канада, Германија и Унгарија.

Нејзиниот најпопуларен роман досега е Обликот што ти го дадов (2006), национален бестселер според списанието „Меклинс“ во мај 2006 година. Maclean's – Top selling fiction and non-fiction titles (week of May 22 2006)

Во Извештајот за инцидентот (2009), Бејли го користи форматот од 144 кратки извештаи за да ги раскаже инцидентите од сопствените искуства како библиотекар. Како фиктивно дело, романот содржи конвенционални елементи како што се „љубовна приказна и мистерија“; како извештај, претставува подтекст што прикажува „како библиотеките во Торонто станале засолниште за маргинализираните во градот“. Книгата била номинирана за наградата „Скотиабанк Гилер“ во 2009 г. а подоцна адаптирана во филм во 2024 г.

Освен пет романи, Бејли имала и пет поеми објавени во списанија. Други литературни дела вклучуваат третман на „Наследството на Јозеф Вагенбах“, инсталациска средина од Ирис Хојслер, првпат објавена во „Брик“ во 2007 година.

Книгата „Нема сина“ ја освоила наградата „Хилари Вестон“ за документарна литература во 2024 г.

Таа живее во Торонто.

Избрани дела

Мојата сестра, Естер. Трнстоун Прес, Винипег, 1995 ISBN 978-0-88801-200-5 Станот на госпоѓа Балашовскаја. Трнстоун Прес, Винипег, 1999 ISBN 978-0-88801-235-7 Обликот што ти го дадов. Кнопф Канада, 2006 ISBN 978-0-676-97748-6 Извештај за инцидентот. Педлар Прес, Торонто, 2009 ISBN 978-1-897141-25-0 Потрагата по Хајнрих Шлегел: роман. Педлар Прес, Сент Џонс, 2014 ISBN 9781897141632 Финалист за Наградата на генерал-губернаторот на Канада, 2017 – Категорија: Превод од англиски на француски Ако Клара. Коуч Хаус Букс, Торонто, 2017 ISBN 9781552453568 Јазикот на сестрата. Педлар Прес, Сент Џонс, 2019 ISBN 9781552453568

Нема сина боја. Коуч Хаус Букс, Торонто, 2023 ISBN 9781552454749

Наводи

Надворешни врски

Веб-страницата на Марта Бејли (вклучува извадоци од книги и други пишани материјали) Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Канадски писателки