Верка Сидерова Иванова (; 26 април 1926 — 2 јули 2025) — бугарска народна пејачка, позната изведувачка на народни песни од Добруџа.

Животопис Родена е на 26 април 1926 година во Добрич. Дипломирала гимназија во родниот град. Во 1952 година во Софија ја освоила првата награда од учеството на Националниот преглед на уметничката самоактивност во армијата. Потоа се пријавила на проба кај Филип Кутев и оттогаш била дел од ансамблот за народни песни и игри, кој денес го носи името на познатиот диригент и уметнички директор. До 1983 година пеела во ансамблот како солист, во квартети и трија. Одржала концерти во 29 земји низ целиот свет.

Многу од нејзините изведби се зачувани во Златниот фонд на Бугарското национално радио и телевизија. Верка Сидерова е исто така и добитничка на главната награда „Нестинарка“ за животно дело на Меѓународниот фолклорен фестивал во Бургас (2004). Таа е почесен граѓанин на Добрич од 2004 година.

По повод нејзиниот 85-ти роденден, пејачката ја објавила својата авторска книга „Дали си лале, дали си зумбул — Мојот животопис“ и била одликувана со Орден на Стара Планина, 1. степен (2011).Указ № 131 Обн. ДВ. бр.46 от 17 юни 2011 г.

Во 2014 година, Верка Сидерова добила статуетка од Првите „Годишни фолклорни награди“ посветени на Борис Машалов во категоријата „Вкупен придонес во бугарскиот фолклор“. Починалa на 2 јули 2025 година на 99-годишна возраст.

Репертоар Меѓу нејзините најпопуларни песни се „Дали си лале, дали си зумбул?“, „Изгрејала месечинка“, „Росен, Росен, зелен Росен“ и „Ситно се оро зави“, а нејзината омилена песна е „Години, години, усили години“. Пејачката често споделувала дека основата на нејзиниот репертоар се песните на нејзината мајка и баба.

Наводи

Категорија:Бугарски пејачи Категорија:Луѓе од Добрич Категорија:Бугарски уметници Категорија:Починати во 2025 година