Иван Лазаров (Долно Чичево, 1901 — Велес) — македонски активист и магационер. Учесник во Бунтот на Скопско кале во 1945 година од артилерската бригада. По Втората светска војна Лазаров се вчленил во националистичка група во Велес предводена од страна на Киро Мазнев. За време на југословенскиот терор Лазаров поради неговото членство бил осуден 4 години во Идризово. Откако бил ослободен тој продолжил да живее во Велес.

Животопис Роден во 1901 година во велешкото село Долно Чичево, тогаш дел од Отоманското Царство. Се образувал во неговото мајчинско село. Не продолжил со средно училишно образование. За време на Втората светска војна и народноослободителната борба, Лазаров отпрвин соработувал со бугарската фашистичка власт. Иван Лазаров бил назначен кметски намесник во неговото мајчино село. Понатаму, незадоволен со бугарскиот терор врз населението, Лазаров се приклучил во Народноослободителната војска. Учествувал во крајната битка за ослободување на Скопје. Се приклучил во Петнаесетиот македонски корпус при неговиот престој во Скопје.

Кога открил дека војската ќе се движела кон Срем наместо Солун, Лазаров заедно со Тодор Стојанов зеле учество во бунт организиран на Скопско кале во 1945 година. Неговата казна е непозната. Меѓу 1946-1947 година се преселува во Велес каде се запознава со националистичките групи основани низ градот. Во истата година се приклучува во групата на Киро Мазнев Овие групи биле верници на старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на Социјалистичка Македонија. Во полициските досија дејци на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Всушност синоним на фашист или бугараш.

Заедно со Тодор Стојанов дејствувале во Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“. Во 1947 година за време на југословеснкиот терор врз велешаните нивната организација била откриена и укината. Поради неговата значајна улога Лазаров бил казнет со 4 години во Идризово. Во 1951 година бил ослободен, не бил рехабилитиран. Во еден југословенски извештај од 1960-тите се спомнува дека Лазаров бил под надзор во Велес. Неговата судбина после тоа е непозната.

Наводи

Категорија:Луѓе од Долно Чичево Категорија:Родени во 1901 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Починати во Велес Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим