Свети Јован Богослов () — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Апостоли Сервиотски“.
Црквата била подигната во XIX век врз темелите на постар храм, чиј архитектонски елементи се вградени во ѕидаријата. Градбата претставува трикорабна базилика со припрата и отворен трем на јужната страна. Во внатрешноста има вредни икони, како тие на светецот-заштитник и на Благовештението. Иконите се стари и преработени, веројатно пренесени од постарата црква. Во храмот има и убава, насликана резба. На амвонот порано имало словенски натписи, но подоцна биле избришани.
Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Икони
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур Категорија:Појавено во 19 век