Свети Никола Драготски () — средновековна црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Петка Драготска“. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Црквата била подигната во втората половина на XIV век и е обновена два пати. Од првата фаза се зачувани само фреските на Пресв. Богородица Поширока од небесата и сцена од Чудата, обете на источниот ѕид, а останатите се уништени во XVII век за време проширувањето на храмот.
Од фазата од XVII е зачуван убавиот резбан и живописан иконостас од 1668 година, чии икони се од истиот период. Натписот на иконостасот гласи:
Во 1924 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Фрескоживопис
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур Категорија:Појавено во 14 век