мини|280x280пкс|Мелницата „Алатини“ во почетокот на XX век Алатини — еврејско трговско-банкарско-индустриско семејство во Солун од средината на XIX век, членови на трговската комора во Солун.

Историја Родоначалник на родот е сефардскиот Евреин Мојсеј Алатини (1809–1882), а неговиот татко Лазар бил трговец во Солун. Во XIX век, семејството се преселило во Солун од Ливорно, Тоскана, денешна Италија.

„Алатини“ била меѓу 20-те најбогати фирми во Солун, заедно со „С. Фернандез и син“, „Саул Модиано“ и „Исак Јосуа Модијано“. Овие куќи имале филијали и во Марсеј. Во 1837 г. Мојсеј ја основал фирмата „Браќа Алатини“, подоцна преименувана во „Алатини и Модијано“. Фирмата првично тргувала со пченица и житарки. Од средината на XIX век отвориле индустриски претпријатија по цела Македонија, главно во Солун: фабрика за брашно, две за памук, за тули, за керамиди, мелница со парни турбини во Штип и други. лево|мини|Документ на АСНОМ за национализацијата на рудниците на поранешното претпријатие „Алатини Мајнс Лтд.“, 9 декември 1944 г. Заедно со Саул Модијано и Фернандез Мизрахи ја отвориле пиварницата „Олимбос“ во Солун. Во 90-тите години на XIX век, Алатини добиле концесии за експлоатација на железни руди на Халкидик и хром во Скопско, Средна и Јужна Македонија. Заедно со францускиот рударски инженер Шарто, експлоатирале антимон и арсен близу Криволак и рудникот Алшар, кој ги носи првите букви на Алатини и Шарто. Од Македонија извезувале жито, памук, волна, козина, сурови тутун и магнезиум, а увезувале ориз, шеќер, кафе, ткаенини и многу други производи. Во 1875 г. основале сопствено модерно еврејско училиште со ученици.

Во 1888 г. браќата Алатини ја основале „Банк де Салоник“ со учество на „Ландер Банк“ од Виена. Канцеларијата на банката во Француското Маало ( Франкомаала) е подигната во 1906 година, а градбата денес е прогласена за заштитен културен споменик. Зградата била завршена во декември 1908 г. и била продадена на Алфредо Алатини, прв директор на банката.

Првата куќа на семејството почнала да се гради во 1862 г., а подоцна во 1895 или во 1899 г. Карлос (Шарл) Алатини ја подигнал вилата „Алатини“, во близина на истоимената мелница. По отоманско-италијанската војна (1911–1912), членовите на семејството биле депортирани од Солун како италијански државјани и се населиле во Франција.Μυρτσιωτη, Γιωτας. Οι ελληνικές ρίζες μιας μυθικής οικογένειας, 1 юни 2012, www.kathimerini.gr.

Наводи

Категорија:Еврејски семејства Категорија:Евреи од Солун