Енола Холмс () — детективски игран филм на Netflix, чија главна хероина е сестрата на Шерлок Холмс. Филмот е екранизација на книгата „Мистериите на Енола Холмс: Случајот на исчезнатиот маркиз“ од Ненси Спрингер. Главната улога ја толкувала Мили Боби Браун (истовремено и еден од продуцентите на филмот), а во другите улоги се појавуваат Сем Клафлин (Мајкрофт Холмс), Хенри Кавил (Шерлок) и Хелена Бонам Картер (мајката на главната хероина).
Филмот бил објавен на 23 септември 2020 г. Критичарите високо ја оцениле глумата на Браун, а „Енола Холмс“ станал еден од најпопуларните оригинални филмови на Netflix. Продолжението, „Енола Холмс 2“, било објавено на 4 ноември 2022 г.
Содржина Англија, 1884 г. — свет на прагот на промени. На утрото на нејзиниот 16-ти роденден, Енола Холмс (Мили Боби Браун) се буди и открива дека нејзината мајка (Хелена Бонам Картер) исчезнала, оставајќи чуден асортиман на подароци, но без очигледна трага каде отишла или зошто. По слободоумното детство, Енола одеднаш се наоѓа под грижа на нејзините браќа Шерлок (Хенри Кавил) и Мајкрофт (Сем Клафлин), кои се решени да ја испратат во завршно училиште за „правилни“ млади дами.
Одбивајќи да ги следи нивните желби, Енола бега за да ја бара својата мајка во Лондон. Но кога нејзиното патување ќе ја вовлече во таинство околу млад лорд бегалец (Луис Партриџ), Енола станува врвна детективка сама по себе, надмудрувајќи го својот познат брат додека разоткрива заговор што се заканува да го промени текот на историјата.
Улоги ГлумецУлогаМили Боби БраунЕнола ХолмсХенри КавилШерлок ХолмсСем КлафлинМајкрофт ХолмсХелена Бонам КартерЈудорија ХолмсЛуис Партриџвиконт ТјуксбериБерн ГорманЛинторнАдил Ахтаринспектор ЛестрадСузи ВокомаИдитХати Мораханледи ТјуксбериДејвид БамберВимбрел ТјуксбериФрансес де ЛатургрофицатаКлер Рашбрукг-ѓа ЛејнФиона Шог-ца ХарисонЕли Хадингтонг-ца Грегори
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 2020 година Категорија:Американски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Оригинални филмови на Netflix Категорија:Американски детективски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик