мини|Почетни математички операции во блокот со броеви до 10 Дискалкулија — состојба на неразвиеност или оштетување на способноста за сметање. Може да се појави како резултат на дисхармонија во развојот на мисловните структури и функции кои ја образуваат основата на способноста за сметање или како резултат на оштетување на кората на мозокот. Се верува дека околу 5% до 10% од луѓето имаат дискалкулија. Не е јасно дали дискалкулијата е подеднакво честа кај девојчињата и кај момчињата. Повеќето стручњаци веруваат дека нема разлика.

Облици на дискалкулија Постојат различни облици на дискалкулија:

Вербална – детето има тешкотии со усвојувањето на математички изрази, т.е. математичка терминологија; Практогностика - нарушување на способноста за манипулирање со стварни или нацртани предмети; Лексички – оштетување на способноста за читање математички симболи и нивни комбинации (замена на броеви кои се слични по изглед, огледално читање и пишување на двоцифрени броеви); Графичка – нарушување на способноста за пишување математички симболи. Пишување броеви во спротивна насока, изоставување, поместување или собирање броеви, неправилно пишување знаци; Идеогностичка – нарушување на способноста за разбирање на математички поими и пресметување во себе; Оперативна (анаритметичка) – нарушување на способноста за извршување аритметички операции. Грешките се одразуваат во замена на една аритметичка операција со друга.

Развојна дискалкулија Развојната дискалкулија е појава на тешкотии или неможност за совладување на способноста за извршување аритметички операции од самиот почеток на совладување на овие способности. Појавата не може да се објасни со ниска интелигенција. Детето достигнува одредено ниво на интелигенција, но не и исто ниво на оперативно размислување во рамките на математичкото размислување. Развојната дискалкулија обично се јавува самостојно, без оглед на квалитетот на совладување на лексичките говорни способности. Додека децата успеваат да решаваат задачи во просторот, детето во дидактичкиот материјал очигледно не може да ги реши овие задачи напамет, без нагледни средства.

Децата со развојна дискалкулија почнуваат да ги користат броевите многу подоцна при решавање на конкретни задачи и проблеми во животот. Покрај тоа, тие не го разбираат редоследот. Знаат да ги напишат цифрите, но често ги менуваат нивните места. На пример, можат да го напишат бројот 14 како 41, без да ја забележат промената на местото. Или го пишуваат бројот 90 како 910. Овој начин на пишување броеви се среќава и кај деца кои ги усвојуваат овие поими, и тоа во времето на појавата на првите облици на оперативно размислување. Ваквите грешки брзо се забележуваат и детето ги надминува без тешкотии, додека со развојна дискалкулија детето останува во оваа фаза од развојот на разбирањето на симболите што означуваат бројчени вредности.

Третман Третманот на деца со дискалкулија ја опфаќа целата личност на детето и трае долго време.

Поврзано Дислексија Дисграфија

Категорија:Аритметика Категорија:Образование Категорија:Педагогија Категорија:Психологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Латинизми