Роберто Бетега (роден на 27 декември 1950 година во Торино) — италијански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Речиси целата своја кариера ја поминал во , клубот на чиј младински сектор се приклучил во раните 60-ти, играјќи тринаесет сезони како професионалец, освојувајќи седум национални првенства, еден Куп на УЕФА и еден Куп на Италија. Тој, исто така, одиграл 42 натпревари за италијанската репрезентација во перидот помеѓу 1975 и 1983 година, постигнувајќи 19 гола, и ја претставувал земјата на Светското првенство 1978 и Европското првенство 1980, како дел од екипите кои го освојувале четвртото место.

По пензионирањето, тој станал телевизиски коментатор и спортски директор: од 1994 до 2006 година бил потпретседател, а помеѓу 2009 и 2010 година, заменик-генерален директор во Јувентус.

За време на неговата натпреварувачка кариера го имал прекарот „Боби гол“ поради неговата убиственост пред голот, и прерано побелената коса што била карактеристична за него. По тестамент на Франсиско Окампо, претседател на парагвајскиот клуб Такуари, стадионот на овој клуб во Асунсион, Парагвај, во 2002 година бил именуван по Бетега, носејќи го името „Естадио Роберто Бетега“ се до затворањето на истиот во 2015 година.

Технички карактеристики

Тој се смета за многу модерен напаѓач за својата генерација, како и за лидер на тимот, способен и да завршува и да создава шанси. Амбидекстер. надарен со атлетска фигура, интуиција, индивидуална техника и визија за играта, тој бил специјалист за удари со глава: во контекст на ова, неговиот гол фрлајќи се по топката за да нанесе удар со глава против во натпреварот одигран во Рим на 17 ноември 1976 година, останал незаборавен, погодок со кој резултатот гласел 2-0 за и со кој им помогнал на „аѕурите“ да се квалификуваат за Светското првенство 1978 за сметка на Англичаните.

Тој бил еден од најкомплетните италијански напаѓачи на сите времиња, благодарение и на решителноста и професионализмот што го издвојуваат.

Откако се етаблирал како чист напаѓач, неговиот подем бил забавен од појавата на туберкулоза која го погодила во сезоната 1971-1972; Џампјеро Мугини напишал за него дека токму оваа болест го спречила да стане најголемиот фудбалер на модерната ера.. Подоцна, тој се вратил на теренот, првично дејствувајќи како маневрирачки централен напаѓач, а на крајот од својата кариера и како офанзивен играч од средниот ред.. Вреди да се напомене дека тој има импресивна статистика на постигнати голови дури и без помош на пенали: тој има изведено само 6 пенали во својата кариера, и сите ги реализирал.

Клупска кариера Почетоци, Јувентус и Варезе thumb|right|Младиот Бетега (горе, втор десно) за време на својата дебитантска сезона како професионалец со Варезе во Серија Б Роден во Торино од венецијанско семејство кое емигрирало од Виљабруна; неговиот татко бил работник во ФИАТ. Роберто му се приклучил на како дете, минувајќи низ младинските категории. Тука тој пораснал под водство на историскиот тренер на младинскиот тим на Јувентус од тоа време, Марио Педрале, кој го споредил во почетокот со Џон Чарлс.

Во пресрет на неговата прва сезона како професионалец, во летото 1969 година, клубот од Торино одлучил да го испрати перспективниот напаѓач, исто така за да избегне „прегорување“ со раниот скок во првиот тим на Јувентус, на позајмица во Серија Б, во екипата на Варезе: всушност, тој бил побаран директно од тренерот на клубот од Ломбардија, Нилс Лидхолм, откако бил забележан од него за време на натпреварот помеѓу младинските екипи на двата клуба.

Во својата единствена година во црвено-белиот дрес, осумнаесетгодишниот Бетега бил најголемото откритие во Серија Б во сезоната 1969-1970, придонесувајќи за првото место поврзано со промоција во Серија А, успех за кој придонел со постигнување на 13 гола, кои воедно го направиле, заедно со соиграчот Ариедо Браида и Аквилино Бонфанти од Катанија, најдобар стрелец во првенството.

Враќање во Јувентус 1970-1976

Тој се вратил во Јувентус во сезоната 1970-1971, останувајќи таму тринаесет последователни сезони до 1983 година. Тој одиграл вкупно 481 натпревар за Јувентус (326 во Серија А, 73 во Купот на Италија, 31 во Купот на шампионите, 8 во Купот на победниците на куповите и 42 во Купот на УЕФА), постигнувајќи 178 гола (129 во Серија А, 22 во Купот на Италија, 7 во Купот на шампионите, еден во Купот на победниците на куповите и 19 во Купот на УЕФА), со што претставува трет најдобар стрелец на клубот на сите времиња зад Алесандро Дел Пјеро и Џампјеро Бониперти.

Интересно е што Бетега се вратил во Јувентус како единствен играч од Торино кој пораснал во младинскиот систем, токму кога тимот веќе имал или бил на пат да потпише група млади играчи од Јужна Италија; меѓу нив бил и оној кој станал негов референтен напаѓачки партнер, катанијецот Пјетро Анастази, со кого во следните шест сезони ќе формира - Анастази како централен напаѓач и Бетега како лево крило - еден од најдобрите напаѓачки тандеми во историјата на Јувентус..

Своето деби во Серија А го имал на 27 септември 1970 година, во натпреварот на гости против , постигнувајќи го решавачкиот гол; во текот на остатокот од сезоната, „единаесетката“ на Јувентус одиграла 42 натпревари (28 во Серија А 1970-1971, 11 во Купот на саемските градови 1970-1971 и 3 во Купот на Италија 1970-1971) и постигнал 21 гол (13, 6 и 2 соодветно). По втор пат во својата историја, Јувентус стигнал до финалето на континентално натпреварување, губејќи од англискиот тим во последното издание на Купот на саемските градови: по нерешениот резултат 2-2 на домашен терен, во кој Бетега го постигнал голот за 1-0, реваншот завршил 1-1, а трофејот го освоиле Англичаните според правилото за голови во гости.

Тој имаше одличен почеток на првенството 1971-1972, во кое постигнал два гола против во четвртото коло, постигнувајќи прво гол со глава, а потоа, вториот на асистенција на Анастази, со убав удар со пета - технички подвиг што сè уште бил редок за гледање во тоа време – останал во аналите. Сепак, по 10 гола во 14 натпревари, последниот на 16 јануари 1972 година против , тој бил принуден на долга пауза поради појава на туберкулоза: ова нарушување го мачело уште од почетокот на неговата кариера, предизвикувајќи му тешкотии со дишењето и ограничување на неговите перформанси. Тој се вратил во акција дури на почетокот на следната сезона, помагајќи му на Јувентус да го освои второто последователно скудето и придонесувајќи за патувањето што ги одвело „бјанконерите“ до нивното прво финале во Купот на шампионите 1972-1973, кое го загубиле на 30 мај 1973 година од .

И покрај тоа што постигнувал поретко голови во текот на следните две години, во истиот период дебитирал за репрезентацијата под водство на селекторот Фулвио Бернардини во јуни 1975 година, играјќи го целиот натпревар, добиен на гостински терен против . Тој повторно ја надминал границата од десет гола во сезоната 1975-1976, годината во која Јувентус го загубил скудетото од своите градски ривали , откако испуштиле предност од пет бода во 21-вото коло. Во исто време, во репрезентацијата тој морал да се задоволи со помала улога во натпреварите под водството на новиот технички менаџмент доверен на тандемот Бернардини-Беарцот.

1976-1981 Во летото 1976 година, со доаѓањето на Џовани Трапатони на клупата на Јувентус, започнал победнички циклус кој бил предодреден да трае една деценија. Јувентус го освоил скудетото со еден бод повеќе пред бранителот на титулата Торино, освојувајќи рекордни 51 бод од можни 60. (Фјорентина, како трета, завршила со 16 бода зад шампионот); Бетега – кој во меѓувреме, со оглед на продажбата на Анастази, си нашол во Роберто Бонинсења нов партнер во нападот – не пропуштил ниту еден натпревар и постигнал 17 гола, додавајќи уште 5 во Купот на УЕФА освоен во истата сезона. Тоа бил првиот меѓународен трофеј освоен од тимот, кој бил подобар од баскискиот тим во финалето од два натпревари: во реваншот загубен со 2-1 во Шпанија, во огнената арена на Сан Мамес, решавачкиот бил токму голот со глава на Бетега, по центаршутот на Марко Тардели, што му го донел трофејот на Јувентус благодарение на поголемиот број постигнати голови во гости.

thumb|right|300px|Бетега (лево) за време на натпреварот од Купот на УЕФА 1976-1977 против добиен со 2-0 во Торино, со кој „бјанконерите“ го започнале походот кон својата прва титула во Европските натпреварувања. Јувентус ја одбранил титулата во италијанското првенство во сезоната 1977-1978, овојпат пред Торино и изненадувањето . Тоа било прелудиум на големото Светско првенство што Бетега и Италија го играле во Аргентина во летото 1978 година. Откако се докажал и на меѓународната сцена, Бетега се нашол на четвртото место на ранг-листата на „France Football“ во изборот за „Златната топка“ и во 1977 и во 1978 година.

Во следните две сезони, Јувентус ја загубил титулата во Италија, прво од Милан, а потоа и од , но го освоил Купот на Италија 1978-1979, победувајќи го со 2-1 по продолженија во финалето во Неапол, за време на кое Бетега бил принуден да го заврши натпреварот предвреме поради повреда на ребрата.

Во пресрет на сезоната 1979-1980, нападот на Јувентус претрпел одредени промени со оглед на збогувањето со Бонинсења и со Пјетро Паоло Вирдис, откако вториот не успеал да ја убеди околината, Трапатони одлучил да му го довери дресот со „бројот девет“ на Бетега, односно да го премести во центарот на шеснаесетникот, поддржан од крилните играчи Франко Каузио и Пјерино Фана. Во новата улога, Бетега постигнал 16 гола во првенството што му ја донело титулата најдобар стрелец во Серија А за првпат во неговата кариера; ова било потпомогнато и од фактот дека тој отстапи од својата вообичаена практика, согласувајќи се да стане, во завшницата од сезоната, изведувач на пеналите во тимот. Сепак, и покрај головите на Бетега, Јувентус не успеал да ја освои титулата, завршувајќи на второто место со три бода помалку од шампионот Интер. Истата година, Јувентус се соочил со англискиот клуб во полуфиналето на Купот на победниците на куповите: во првиот натпревар на Хајбери, Бетега си постигнал автогол, со што натпреварот завршил со резултат 1-1 откако „бјанконерите“ повеле, но потоа биле елиминирани по реваншот во Торино.

Во сезоната 1980-1981, скудетото се вратило кај Јувентус; сепак, за Бетега, кој го освоил своето шестто лично скудето во кариерата, оваа сезона го означила почетокот на неговата опаѓачка ефективност, откако напаѓачот придонел за успехот постигнувајќи само пет првенствени гола. Во Купот на УЕФА таа сезона, неговите три гола не биле доволони за Јувентус да ја мине втората рунда, каде што биле елиминирани од Виѓев Лоѓ: полјаците го добиле првиот натпревар дома со 3-1 (Бетега бил стрелец на голот за Јувентус), додека во реваншот „бјанконерите“ победиле со 3-1, по што натпреварот отишол во продолженија а од таму и до изведување пенали по кој италијанската екипа загубила со 5-4.

1981-1983 На почетокот на сезоната 1981-1982, се чинело дека Бетега се враќа во форма, постигнувајќи пет гола во своите први седум натпревари. Но, на 4 ноември 1981 година, по поразот во првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот куп на шампиони против во Брисел, судирот кој го имал со белгискиот голман Џеки Мунарон во реваншот во Торино му нанел сериозна повреда на лигаментите на коленото. Јувентус бил елиминиран, а напаѓачот ја пропуштил практички целата сезона поради проблематично закрепнување; Поради повредата, тој бил само спореден актер во освојувањето на своето седмо и последно скудето, а во летото 1982, неговата сè уште несигурна физичка и здравствена состојба го принудила да го одбие повикот да го носи италијанскиот дрес на „Мундијалот“ во Шпанија.