мини|284x284пкс|Карта на Воловарската Празнина Воловарска Празнина (), се нарекува и Големата Празнина — приближно сферична област од вселената во близина на соѕвездието Воловар. Таа содржи само 60 галаксии, што е значително помалку од приближно 2.000 галаксии што би се очекувале за област со споредлива големина. Со полупречник од 62 мегапарсеци (скоро 330 милиони светлосни години), таа е една од најголемите познати празнини во видливата вселена и често се нарекува „суперпразнина“.

Откриена е во 1981 г. од астрономот Роберт Киршнер како дел од истражувањето на галактичкото црвено поместување. Нејзиниот центар се наоѓа на 700 милиони светлосни години од Земјата, на десно искачување 14ч 50м и деклинација 46°. Херкуловите суперјата се дел од блискиот раб на празнината.

Опис Пречникот на празнината е проценет на 330 милиони светлосни години (приближно 0,27 % од пречникот на видливата вселена), а неговиот обем изнесува 236.000 Мрс3. Притоа, Воловарската Празнина е една од најголемите празнини и понекогаш се нарекува суперпразнина. За откритието на празнината известиле Роберт Киршнер и неговите колеги во 1981 г., во рамките на прегледот на црвените поместувања. Центарот на Воловарската Празнина е сместен на растојание од околу 700 милиони светлосни години од Сонцето.

Други астрономи набргу откриле дека празнината содржи неколку галаксии. Во 1987 г., Р. Киршнер и колегите објавиле резултати од истражувањето на осум галаксии во празнината. М. Штраус и Ј. Хахра најавиле откритие на уште неколку галаксии во 1988 г., а Г. Алдеринг, Г. Ботун, Р. Киршнер и Р. Марцке во 1989 г. изјавиле за откривање на 15 галаксии. До 1997 г., станалo познатo за 60 галаксии во празнината.

Според Грегори Алдеринг, размерите на празнината се такви што „ако Млечниот Пат се наоѓал во неговиот центар, немало да знаеме за постоењето на други галаксии до 1960-тите години.“

Херкуловите суперјата образуваат дел од блискиот раб на празнината.

На тој начин, во празнината биле откриени само 60 галаксии. Ако се искористи груба проценка на концентрацијата — 1 галаксија на 10 милиони светлосни години — тогаш во празнината треба да се наоѓаат околу 2000 галаксии.

Потекло Не се забележуваат видливи несогласувања помеѓу постоењето на Воловарската Празнина и моделот Ламбда-CDM.

Постои теорија за образувањето на Воловарската Празнина како последица на спојување на помали празнини; ова го објаснува малиот број галаксии што ја населуваат издолжената област во близина на средината на празнината.

Наводи

Надворешни врски

Boötes Void, the mysterious hole in our Universe (англиски)

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Празнини (астрономија) Категорија:Воловар (соѕвездие)