мини|десно|Зазерци и Врапчинска Планина. Врапчинска Планина или наречена по нејзиниот највисок врв Љоџов Камен (, Трилофо; до 1968 г. Αλεότζ, Алеоѕ) — ниска планина во Леринско, Егејска Македонија. Претставува дел од Нередска Планина.

Опис Планината е долга и тесна, со истакнатост од околу 500 м, сместена западно од Рудничкото (593 м) и Зазерското Езеро (602 м). Практично е југоисточниот крај на масивот Нередска Планина (Вич), од која е одделена со долината на Леховска Река на запад и длабоката Зеленичка Котлина (660 м) и Стара Река на север. Јужната граница е долината на Лесковица.

Карпите се сочинети од гнајсови и алувии.

Планината, како и Рудничкото Езеро и Зазерци, е вклучена во мрежата Натура 2000, а прогласена е и за место од орнитолошка важност (046).

Врвот лесно се искачува од точка (980 м) на патот Лехово (900 м)–Мокрени (770 м): +ВрвовиИмеГрчкиВисина (м)МестоположбаЉоџов КаменΤρίλοφο, Αλεότζ1.102 мво Ј дел, СИ над Мокрени и ЈИ над ЛеховоПашин ГробΔίκορφο Λοχαγού Νάτσιου1.040 мво средишниот дел, И над ЛеховоГрадиштаΛυκαβητός, Γράντιστα1.079 мво С дел, И над ЗеленичеЧукаΤσούκα1.080 мво средишниот дел, ИСИ над ЛеховоСеблициΣύρτη Κορυφή, Σέμπλιτσι655 мво С дел, ЈИ од ГорицкоИндоко719,2 мво И дел, СЗ над Рудничкото Езеро

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Суровичево (општина) Категорија:Вич