Адана () — град во Средоземниот регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Градот се наоѓа на реката Сејхан, која се влева во Средоземно Море, во југо-централна Анадолија. Адана има население од 1.700.000 жители што ја прави петти најнаселен град во Турција додека заедно со провинцијата има население од 3,000,000 жители.

Адана се наоѓа во центарот на Чукурова, кој ги опфаќа провинциите Мерсин, Адана, Османије и Хатај. Со шест милиони жители, областа е една од најгусто населените во Турција.

Потекло на поимот

Според гоголемиот број на извори, името Адана е изведено од хетитското Аданија во областа КисваднаSee, e.g., Sirekli Archaeological Project., додека други извори тврдат дека тоа е поврзано со легендарниот карактер на Данај, кој го основал грчкиот град Аргос. Во „Илијада“ на Хомер градот бил наречен Адана. Во старогрчкиот период бил познат како Антиохија во Киликија (грчки: Αντιόχεια της Κιλικίας) или Антиохија ад Сарум (Αντιόχεια η προς Σάρον).

Уредниците на „Хелсиншки атлас“ привремено ја идентификуваат Адана како Куе (Quwê), новоасириската престолнина на провинцијата Куе. Името исто така е претставено како Коа и можеби е местото опишано во Библијата, каде цар Соломон добива коњи.

Се верува дека името на градот доаѓа од легенда според која Аднус и Сарус, синови на Уранус, се населиле на место близу до реката Сејхан, каде што денес се издига АданаStephanus of Byzantium, see Adana.

Градот имал многу имиња низ вековите: Анос, Та Адана, Уру Адана, Ердене, Едене, Езене, Бата, Атана, Азана.

Историја Рана историја

Историјата на могилата во Тепебаг, кој се наоѓа во Адана, датира од неолитскиот период или во околу 6000 п.н.е., за време на првите човечки населби. Се смета дека Тепебаг е најстариот град на регионот Чукурова. Местото наречено Адана било споменато во сумерскиот еп „Гилгамеш“, но географијата на ова дело е премногу непрецизна за да се идентификува со нејзината местоположба.

Според еден хетитски натпис, кои се наоѓа во Хатуша, Кисвадна било првото царство кое владеело со Адана, под заштита на Хетитите од 1335 година п.н.е. Во тоа време, името на градот било Уру Аданија додека жителите биле нарекувани Данајци. Со падот на силата и распадот на Хетитското Царство, во 1191-1189 п.н.е. започнале инвазии од запад кои предизвикале голем број на мали царства да ја преземат контролата на регионот. Во следниот периот регионот бил управуван од Асирците (9 век п.н.е.), Персијците (6 век п.н.е.), Македонците (333 п.н.е.), Селевкидите, пиратите од Киликија, Римјаните и Ерменците.

Ранохристијански период Историјата на Адана е суштински поврзана со историјата на Тарс. Тие често биле сметани за ист град. Адана била со релативно помала важност во текот на периодот на Римското Царство, додека во близина Тарс бил престолнина на областа. За време на ерата на Помпеј, градот бил користен како затвор за пиратите од Киликија. По поделбата на Римското Царство во 395 година, областа станала дел од Византија, а веројатно била и развиена во текот на времето на Јулијан Отстапник. Со изградба на големи мостови, патишта, владини згради, канали за наводнување и насади, Адана и Киликија станале најразвиените и најзначајни трговски центри во регионот. Ајас (денес Јумурталик) и Козан биле други два поголеми урбани и административни центри во оваа област, особено во периодот на Киликијаните.

Адана била вклучена во римската провинција Киликија Прима, чиј главен град бил Тарс. Градот станал епископија, додека суфраган епископот од Тарс бил издигнат на ранг на автокефална архиепископија по 680 година, кој учествувал на Шестиот вселенски собор. Епископот Павлин учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, додека на Вториот вселенски собор во Цариград од 381 година учествувал епископот Киријак. Анатолиј се споменува во писмото на Свети Јован Златоуст. Кирил учествувал на Третиот вселенски собор во Ефес од 431 година и на Соборот во Тарс од 434 година. филипус учествувал на Четвртиот вселенски собор во Халкидон од 451 година и бил потписник на заедничкото писмо на епископите од Киликија Прима до царот Лав I од 458 година, кои протестирале поради убиството на Протериј Александриски. Јоанес учествувал на Шестиот вселенски собор во Цариград од 680 година.

Средновековен период

Во средината на 7 век, градот бил освоен од страна на Арапите. Според еден арапски историчар од тоа време, името на градот потекнува од Езене.

Византијците успеале да си го вратат градот во 964 година, но по победата на Алп Арслан во Битката кај Манцикерт во 1071 година, Селџуците успеале да го заземат регионот на сметка на Византија. Адана била освоена најверојатно пред 1071 година и со градот управувале до почетокот на Првата крстоносна војна, кога крстоносците на чело со Танкред Галилејски, го освоиле градот.

Во 1132 градот бил вклучен во територијата на ерменското Кралство Киликија. Градот бил освоен од Византија во 1137 година но Ерменците повторно го вратиле под своја контрола во 1170 година. Во 1268 година во градот се случил голем земјотрес кој предизвикал голема штета. Адана била повторно изградена и останала во составот на Ерменија до 1359 година, кога градот бил предаден на Мамелуците од Египет. Заземањето на градот овозможило на многу турски семејства да се населат во него. Семејството Рамадани во градот се населило токму од тој период, и тоа опстојува во Адана до денес под презимето Онур. Во следниот период градот бил освоен од Османлиите.

Модерен период

Во 1830 година, со цел да се обезбеди независност на Египет од Отоманското Царство, војската на Мухамед Али Паша, валија на Отомански Египет, ја нападнал Сирија во два наврати, и стигнал до Аданската рамнина. Војниците на Мухамед Али Паша ги разрушиле градските ѕидини и тврдината. Според мировниот договор, Сирија и Адана биле дадени на Египет. По крајот на Османлиско-египетската војна (1839–1841), Египет ја вратил Сирија и Адана на Османлиите, додека Велика Британија го признала Мухамед Али Паша за легитимен владетел на ЕгипетDupuy, Trevor, The Harper Encyclopedia of Military History. Macdonald and Jane's, 1977..

Во 1909 година се нслучил т.н. Масакр во Адана во кој биле убиени ерменски христијани во градот Адана. Според проценките во масакрот биле убиени од 15,000 до 30,000 ЕрменциAkcam, Taner. A Shameful Act. 2006, page 69–70: "fifteen to twenty thousand Armenians were killed"Century of Genocide: Eyewitness Accounts and Critical Views By Samuel. Totten, William S. Parsons, Israel W. CharnyWalker, 1980, pp.182–88. Масакрот следувал по Младотурската револуција од 1908 година. Турските и ерменските револуционери работеле заедно за враќање на уставот. На 31 март избувнал бунт против партијата на власт Единство и прогрес. Додека бунтот во престолнината Цариград траел околу десет дена, убивањето на ерменското малцинство траело околу еден месец.

По Првата светска војна, власта во градот била предадена на француските војници. Четири баталјони на Француската легија биле испратени во Адана за надзор на ерменските бегалци. На 20 октомври 1921 година, бил потпишан Договорот од Анкара меѓу Франција и турското Големо Национално Собрание. Врз основа на условите на договорот, Франција заедно со останатите ерменски волонтери се повлекле од градот на 5 јануари 1922 година.

На 30 јануари 1943 година, британскиот премиер Винстон Черчил тајно се состанал со турскиот претседател Исмет Инону во воз во станица Јенице, 23 километри надвор од Адана. Черчил сакал Турција да се приклучи во Втората светска војна на страната на сојузниците.

Градот бил погоден од земјотрес со јачина од 6,2 степени на 27 јуни 1998 година, во кој загинале 145 луѓе додек 1.500 лица биле повредени, Вкупната економска загуба била проценета на околу 1 милијарда евра.

Географија

thumb|250px|Езерото Ескибарај Дам на реката Сејхан Адана се наоѓа на 30-тина километри од североисточниот брег на Средоземјето, каде служи како порта на областа Чукурова, кој во минатото бил познат на Запад како Киликија. Овој голем регион од Турција претставува плодна земја и се наоѓа југоисточно од планината Таур.

Од Адана, преминувајќи кон Киликиско поле на запад, од Таур патот влегува во предпланинскиот регион на Таур. Падот на температурата од тој момент станува буквално со секој чекор на издигнување, при кое патот достигнува до надморска височина од над 1.200 метри. Тој поминува и преку т.н. Врати на Киликија.

На север, градот е опкружен со браната „Сејхан“, која била изградена во 1956 година. Браната е изградена за производство на електрична енергија и за наводнување на долината на Чукурова.

Клима

Адана има средоземна клима. Зимите се благи и влажни додека летата се долги, топли и суви. Највисоката температура била измерена на 8 јули 1978 година со 45,6 °C, додека најниската температура била -8,1 °C.

Управување

thumb|десно|250px|Градското собрание

Градот Адана е наведен како област која е во рамките на границите на Општина Адана. Оваа област опфаќа 30 километри околу Градското собрание со исклучок на областите надвор од провинцијата. Четири нивоа на управување се вклучени во администрацијата на градот, и тоа: Национална влада, Провинциска управа, Општината и областните општини. Владата на Турција во Анкара ја држи најголемата моќ во градот, односно управува со здравството, образованието, полицијата и многу други институции поврзани со градски услуги. За ова, владата од Анкара има назначено гувернер. Провинциската управа главно се занимава со изградба и одржување на основните училишта, градинките и другите државни згради и одредено ниво на социјални услуги. Општинско владеење се одржува во структурата на две нивоа: Општинска и областна управа. Општината се грижи за изградба и одржување на главните патишта и паркови, како и за противпожарните служби. Обласните служби се надлежни за одржување на областните улици, паркови, собирање на ѓубре и услуги на гробиштата.

Општина thumb|250px|Општинското собрание

Општина Адана била основана во 1871 година и покрај тоа што градот продолжил да се регулира преку системот мухтешио до 1877 од страна на првиот градоначалник Ѓозликлу Сулејман ефенди. Првото модерно општинско владеење започнало со вториот градоначалник Киркор Бездикјан и неговиот наследник Синјор Артин. Во текот на овој период биле проширени и поплочени патиштата, биле направени канали за одводнување, и во сила влегле првите општински прописи. По основањето на Република Турција, големи инфраструктурни проекти биле завршени и првите планирани населби биле изградени во северниот дел на градот. Турхан Кемал Берикер служел како градоначалник и гувернер во период од дванаесет години. Со завршувањето на браната Сејхан во 1956 година, градот доживеал голем економски раст, кога тогашниот премиер Аднан Мендерес покажал посебен интерес за Адана. Тој иницирал големи инфраструктурни проекти, како подземна канализација и донесување на детален урбанистички план. Од 1984 година до денес градскиот пејзаж бележи револуционерни промени со ревитализација на реката Сејхан и изградба на големи паркови и булевари.

Во 1989 година бил донесен закон според кој општинските надлежности биле поделени помеѓу општината и регионалните општини. Тогашната Општина Адана станала главна, додека биле основани плус две општини: Сејхан и Јурегир. Караисали бил припоен кон градот во 2006 година, додека Чукурова и Сариџам биле основани како општини во 2008 година. На 3 февруари 2012 година, Советот на општината Каратас ја прифатил иницијативата да се здружи општината со Адана, па од тоа време Каратас станал шеста област на градот.

Денеска, Општината Адана се состои од три органи: совет, градоначалник и енкумен. Секоја област избира една петтина од своите членови за општинскиот совет. Така, општинскиот совет се состои од 35 советници, десет од областа Сејхан, осум од Јурегир, осум од Чукурова, шест од Сариџам, два од Караисали и градоначалникот кој е директно избран од гласачите. Енкуменот или во предод изивршен комитет, се состои од девет членови.

Области thumb|right|250px|Сејхан thumb|right|250px|Чукурова