мини|Член на ајнзацгрупа стрела еврејска жена и дете, во близина на Ивангород, Украина, 1942 г. Фрагмент од фотографија на ајнзацгрупата во Ивангород. Детеубиство (инфантицид) — намерно одземање на животот на дете. Детеубиството вклучува убиство на дете од страна на мајката веднаш по раѓањето (неонатицид). Повеќето човечки општества од камено време рутински практикувале детеубиство, а проценките за убиените деца се движат од 15 до 50 проценти во епохата на средното камено време и младото камено време.
Детеубиството продолжило да биде вообичаена практика и во историската епоха во повеќето општества, вклучувајќи ја Стара Грција, Стар Рим, Феникијците, Стара Кина, Стара Јапонија, Арабија пред исламот, раната модерна Европа, Абориџинска Австралија, Индијанците и староседелците на Алјаска.
Во денешно време Детеубиството останува вообичаена практика кај некои домородни племиња во Амазонија, Австралија и Африка.
Детеубиствата се голем проблем во Русија: во 2022 г., 80 деца биле убиени од нивните родители. Меѓу убиените деца, значаен дел се новороденчиња. Според М. А. Золотов, начините за усмртување на новороденчиња по застапеност се следниве:
Давење (со раце, со јамка, покривање на устата и носот, притискање на градниот кош) — 32 % Потопување во вода — 24 % Запоставување (оставање на студ, без храна, со неврзана папочна врвца, неизвлечена слуз од устата) — 25,8 % Нанесување повреди (со тврд, тап предмет — 5 %; со остар предмет — 3,5 %) Труење — 2 % Други начини (изложување на висока температура, создавање услови за повреди од животни, инсекти, распарчување и др.) — 7,7 %
Забележан е пораст на бројот на детеубиства во Пакистан, што се поврзува со сиромаштијата во која живее значителен дел од населението.
Селективно детеубиство Во некои земји се забележува практика на селективно детеубиство врз основа на полот. Во селските области на Индија, распространето е убиството на девојчиња.Murphy, Paul (21 мај 1995). «Killing baby girls routine in India». San Francisco Examiner. стр. C12. Во некои области на Кина, бројот на родени момчиња е значително поголем од бројот на девојчиња. Најчесто, женските фетуси се пометнуваат (селективен абортус), но се среќаваат и случаи на убиство на новородени девојчиња. Понекогаш ова се поврзува со политиката на едно дете и други културни особености, каде што родителите претпочитаат нивното единствено дете да биде машко, а не женско. Оваа појава го добила името „исчезнатите жени на Азија“.
Наводи
Надворешни врски
A Brief History of Infanticide
Категорија:Население Категорија:Смртта во културата Категорија:Гревови __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__