Григор (Глигор) Иванов Тотев (познат како Григор Тотето) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Тотев е роден на 10 мај 1868 г. во селото Сехово, Гевгелиско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Во 1892 г. завршил I клас во Солунската машка гимназија. Во 1894 г. стапил во ВМОРО, привлечен од Гоце ДелчевИзвестия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 349. и Атанас Мурџев. Работел како книжар кај Петар Сарафов. Потоа работел како учител во Долна Џумаја (1895), Горна Џумаја (1896/1897), Бајалци, Мачуково (1898–1900) и Шљопинци (1901). лево|мини|Крсто Б’лгаријата, Милан Делчев, Григор Тотев, Александар Хаџи Илиев од Порој, Аргир Манасиев и Атанас Николов од Мачуково мини|Григор Тотев во својата младост Гевгелискиот раководител на ВМОРО, Илија Докторов запишал:

По Солунската и Бајалската афера кои се случиле во почетокот на 1901 г., Тотев бил баран од властите и во февруари е принуден да премине во илегалност заедно со Аргир Манасиев и Ташко Мицев од Шљопинци.Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 359 – 360. Тотев станал секретар на четата на Крсто Б’лгаријата. Од август 1901 г. бил самостоен војвода во Кукушко. Во октомври истата година, Тотев казнил предавник на четата на Андон Ќосето од Калиново. Во 1902 г. негови четници се Туше Георгиев – Големиот гајда, Христо Мицов и Дино Крундурски, кој во јуни го убил падарот на с. Смол, Лани Ислам, а потоа е убиен од шверцери.

Во март 1903 г., Тотето тешко се разболел и заминал на лекување во италијанска болница во Солун, по што се преселил во Бугарија преку Пиреј. Во 1915 г. бил опериран и му бил изваден едниот бубрег. Подоцна работел како архивар-регистратор и домаќин во Македонската кооперативна банка. Членувал во Гевгелиското братство и во Илинденската организација.

Автор е на кратки спомени кои биле публикувани во 1939 г. во списанието „Илустрација Илинден“. Починал на 11 јули 1934 г. во Софија. Бил оженет со Ефросина Иванова, учителка и револуционерка од Струга.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на Илинденската организација Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Дејци на Македонските братства