мини|260x260пкс|Внатрешен двор на Палацо Пити, Фиренца. Внатрешен двор, двориште или авлија — незаграден дел од дворното место, кој е делумно или целосно опкружен со една или повеќе згради. Понекогаш просторот е поделен на делови со ѕидови, и секој дел се нарекува (внатрешен) двор. Неговата главна намена е заштита во најширока можна смисла. Во различни култури, заштитата може да биде на имотот, од неповолните услови на животната средина, за постигнување приватност и друго.

Кај поголеми поединечни згради, внатрешниот двор се гради со цел да се обезбедат прозорци во внатрешноста на зградата — за пристап на светлина и воздух.

Најраните познати внатрешни дворови биле изградени во Иран и Кина, кои потекнуваат од 3000 г. пр. н. е. Дворовите во минатото се користеле за различни цели, вклучувајќи готвење, спиење, работа, игри, градинарство, па дури и како места за чување животни.

Стар Рим Во Стариот Рим, атриумот бил повеќе како општа просторија во куќата, со отвор на покривот (комплувиум) за собирање на дождовната вода во мал базен под него.Ancient Roman Buildings & Homes

Современото значење на атриумот е изменето и се насочи кон внатрешен двор, кој е покриен со проѕирен покрив.

Манастирски двор Традиционално, манастирските градби го опкружуваат теренот и се своевидна тврдина — како против вооружен напаѓач, така и против „искушенијата на надворешниот свет“. Манастирската црква во повеќето христијански манастири е сместена во така формираниот внатрешен двор. Во романската и готската црковна и манастирска архитектура, обично внатрешниот двор (клостер) е сместен покрај долгата фасада на катедрала или манастирска црква.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Архитектонски елементи Категорија:Дом __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__