мини|Отечник на манастирот на Киевските пештери (Русија, 1758). Отечник или патерик (), краток облик за πατερικόν βιβλίον („таткова книга“) — зборник со житија на светии, особено на „оци“ на некој манастир кои се канонизирани. Отечникот е жанр на византиска книжевност со верски својства, кои претставувале збирки на изреки на светци, маченици и архијереи, како и житија за нив. Овие текстови, исто така, имаат свои корени во раното монаштво.
Меѓу најраните збирки од овој вид се Αποφθέγματα των άγίων γερόντων (Апофтегмата на Светите старци, исто така позната како Азбучен патерик, Apophthegmata Patrum, Изреки на татковците на пустината (Изреки на пустинските татковци) ), Historia monachorum in Aegypto и Λαυσαϊχόν, Historia Lausiaca ) од Паладиј - од IV век. Различни отечници познати и во преводи на повеќе јазици (латински, словенски, коптски, ерменски итн.)
Во руското православие овој вид книжевност е познат уште од раната словенска книжевност, прво преводи, а потоа изворни текстови создадени во разни манастири. Популарните отечници во руската монашка сцена го вклучувале отечникот на Киевската пештера, отечникот на Волоколамскиот манастир и отечникот на Соловскиот манастир. Отечникот на Киевската пештера датира од првата половина на 13 век и вклучува и повести за историјата на манастирот и неговите први монаси, како што е преписката помеѓу епископот Симон од Владимирско-суздаљското Кнежевство и пештерскиот монах Поликарп. Текстот е заснован на отечникот составен во средиштата на Источната православна црква и е зачуван во три уредувања од 15 век: Арсенијанов (1406), Прв Касијанов (1460) и Втор Касијанов (1462).
Поврзано Синаксарион Патристика
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Византиска книжевност Категорија:Хагиографија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ