мини|десно|Езеро Амистад Амистад (; ) е вештачко езеро во Соединетите Американски Држави и Мексико. Се наоѓа на територија на американската држава Тексас и мексиканската сојузна држава Коахуила. Површината на езерото е 264 км².

Езерото е формирано во 1969 година со изградбата на браната Амистад. Браната и езерото се управувани заеднички од владите на Соединетите Американски Држави и Мексико преку Меѓународната комисија за граници и води. Името на браната и езерото е шпански збор за „пријателство“.

Категорија:Тексас Категорија:Вештачки езера Категорија:Езера во Мексико Категорија:Езера во САД