Борковачко Езеро — вештачко езеро кое се наоѓа во Срем, 2 км оддалечено од Рума, 20 км од Сремска Митровица, 40 км од Нови Сад и 60 км од Белград.ТО Рума: Језеро Борковац , Приступљено 15. 1. 2013. Истото е создадено е во 1972 година со преградување на потокот Борковац, а полнењето на акумулацијата со вода траело во следните три години.Dolinaj, D., Marković, S., Svirčev, Z., Jovanović, M., Savić, S., Lazić, L., Đorđević, J. 2011. Limnological characteristics, water regime and water quality problems of Borkovac reservoir (Vojvodina, Serbia). Acta geographica Slovenica 51(1): 65–87
мини|Слика од Езерото Борковац
Опис Езерото се протега во правец север-југ, во должина од 2 м. Браната се наоѓа во јужниот дел од акумулацијата, со должина од 209 м и висина од 11 м. Најголемата ширина на езерото е во централниот дел изнесува 320 м, а најголемата длабочина е 5 м. Во текот на просечниот водостој должината на брегот на акумулацијата е 4400 м, а површината на водата е 360.000 м². Летната температура на водата во езерото достигнува до 29 °C, а е проѕирно до половина метар длабочина. Водоводната мрежа ја користи водата од езерото.
Екологија на езерото Борковачко Езеро може да се карактеризира како мезотрофно езеро, со висок потенцијал за еутрофикација. Во него е забележано е дека има цветање на водата, кое вклучува модро-зелени цијанобактерии. Езерото е богато со риби, а присутни се сом, смуѓ, крап, карас, бела риба, амур и толстолобих.
Поврзано
Список на езера во Србија
Наводи
Литература
Категорија:Езера во Србија Категорија:Вештачки езера