Михаил Христов Христов, познат по псевдонимот Врабец (Битола, 16 септември 1879 — Битола, после 1951 г.) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учесник во Илинденското востание. Повостаничко се преселил во Соединетите Американски Држави. Во 1946 година добива Илинденска пензија. Во 1951 година добитник е на Илинденската споменица.
Животопис Роден е во 1880 година во градот Битола, тогаш дел од Отоманското Царство. Според некои податоци роден е во 1881 година, додека пак во Бугарската историографија усвоено е дека е роден во 1879 година. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Во 1900 година се приклучува во Македонската револуционерна организација и учествува во организирањето на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ. Во 1901 година се приклучил во четата на значајниот револуционер Ѓорѓи Сугарев. После неколку години четата се поделила во два дела и Врабец се приклучил во четата на Тодор Златков, околиска војвода од Поешево, Битолско. Учествува во востанието.
Повостаничко Тодор Златков со неговата чета избегле во Бугарија. Поради тоа Михаил Врабец бил назначен за околиска војвода во Мариово. Таму меѓу 1903 и 1905 учествува во различни битки против турските аскери во села Дуње, Беловодица, Будимирци и Паралово каде е ранет. Поради тоа емигрира во Соединетите Американски Држави. Во 1923 година се враќа во неговиот мајчин град, тогаш под окупација на Кралството Југославија. За време на Втората светска војна на 6 март 1943 година поднесува барање за Илинденска пензија од Царството Бугарија. Каде што е прифатен
После војната и со формирањето на нова македонска држава Врабец поднесува барање на 20 февруари 1946 година за Илинденска пензија каде што е прифатен. Продолжува да живее во Битола. На 20 август 1951 година, со одлука од Собранието на НР Македонија, Врабец ја прими Илинденската споменица. Починал во Битола.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Родени во 1880 година Категорија:Починати во Битола Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на МРО Категорија:Добитници на Илинденска пензија Категорија:Носители на Илинденска споменица Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Американски Македонци