Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори коишто се одржани во Република Македонија (тогаш сè уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг најмногу гласови освоила дотогаш единствената и владејачка партија СКМ-ПДП, додека во вториот круг најмногу гласови освоила ВМРО-ДПМНЕ, која севкупно освоила најмногу мандати (38).
Изборен систем Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември. Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.
Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во југословенската федерација и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност.
Првите повеќепартиски избори беа одбележани по дозволата на тогашната Републичка изборна комисија (РИК) да се гласа со пасош, по недостигот на гласачки ливчиња на некои избирачки места, а вишок на други места. Одлуката над РИК да дозволи да се гласа со пасош, тогаш уште југословенски, предизвика контроверзи дека на тој начин ќе може да се гласа двапати со што би била фалсификувана изборната волја на граѓаните. Дозволата да се гласа со пасош беше повод ВМРО-ДПМНЕ да одржи неколку големи митинзи низ републиката, на кои беше побарано да се поништи гласањето како нерегуларно и да се распушти РИК. Како последица на ова, но и заострувањето на националистичките тензии и меѓуетничката нетрпеливост на бившојугословенските простори, дојде до пресврт во вториот круг.
Резултати Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници.
ПартијаПрв кругВтор кругВкупно мандатиГласови%МандатиГласови%МандатиСКМ-ПДП234.36921,84220.74827,72731Партија за демократски просперитет165.38815,41358.0467,3417ВМРО-ДПМНЕ154.10114,31238.36729,93738Сојуз на реформски сили142.56413,31128.44916,11011Социјалистичка партија на Македонија77.1237,2138.8934,934Партија за демократски просперитет / Народна демократска партија62.6285,8413.3261,715МААК42.9264,008.8031,100Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка32.7993,0031.2363,966Работничка партија31.5912,902.9230,400Македонска народна партија26.1512,404.8290,600Социјалдемократска партија на Македонија16.9721,601.6560,200Странка на Југословените16.8981,6013.3311,722Демократски сојуз - Партија на земјоделците13.2301,204.8290,600Лига за демократија13.0971,202.7070,300Социјалистичка партија на Македонија / Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка5.9600,607.0610,911Народна демократска партија4.5970,404.1050,511Партија за целосна еманципација на Ромите / СПМ3.7570,303.9610,411Демократски сојуз на Турците3.3840,30///0Демохристијанска партија на Македонија2.7790,30///0Партија за целосна еманципација на Ромите2.3590,20///0Работничко земјоделска партија на Македонија1.8960,207260,100МААК / ВМРО-ДПМНЕ1.6980,20///0Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка / Социјалдемократска партија на Македонија7320,10///0Сојуз на пензионерите на општина Битола4280,00///0Независни пратеници18.1571,7012.7691,633Неважечки гласови60.1445,3 –34.4764,1 – –Вкупно1.135.72810024831.21810096120Регистрирани гласачи/одзивВо бројот на регистрирани гласачи се вклучени и 113.051 гласачи кои гласале со лични карти и други документи. Благоја Нинески „Изборите, медиумите и партиите во Македонија 1990-2000“, „Студентски збор“, Скопје, 2001, 20 стр.1.452.07277,2 –
Исход Првата конститутивна седница се одржа на 8 јануари 1991 година.
Поради распоредот на силите во Собранието настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада. Мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој состави влада, која на 20 март ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.
Наводи
Надворешни врски Пратенички состав 1991 - 1994 Интервју со Петар Гошев, тогашен водач на СКМ-ПДП , „Утрински Весник“
1990 Категорија:Македонија во 1990 година