Жоан Миро и Фера (, – , ) — шпански сликар, вајар и керамичар од Каталонија. Се занимавал и со применета уметност и графика, а неговите мурали се особено познати. Првиот музеј посветен на делото на овој сликар е основан во 1975 година во Барселона под изворното име „Фондација Жоан Миро“. Вториот музеј, наречен „Фондација Пилар и Жоан Миро“, бил основан во 1981 година и се наоѓа во Палма де Мајорка.

Неговите дела му припаѓаат на надреализмот. Изразот на Миро е лирски и апстрактен, со забележливи влијанија од експресионизмот, кубизмот и фовизмот. Се одликува со разиграност на имагинацијата, хуморот и фантазијата. Неговите дела се познати и по своите необични геометриски облици, како и чудната, искривена стварност.

Детство, младост, семејство и образование лево|мини|Плоча на куќата каде што се родил Миро Жоан (исто така Жуан, Ѓоан; Хуан, Хоан) Миро е роден во Барселона на 20 април 1893 година, син на Микел Миро, сатчија по струка, и Долорес Фера. Почнал да посетува часови по цртање уште од многу рана возраст, во основно училиште. Единствено што навистина го привлекувало било цртањето, за кое покажал голема надареност уште од рана возраст. Од 1907 до 1910 година, учел трговско училиште во Барселона, но и исто така учел на Вишата школа за уметност и индустрија Љоча, каде што добил голема поддршка од неговите професори Модест Урхел и Хозеп Паско. Цртежите на Миро од 1907 година се чуваат во Фондацијата Миро. На седумнаесетгодишна возраст, дипломирал трговско училиште и се вработил во аптека, каде што работел сè додека болеста не го принудила да се повлече во семејниот дом во близина на селото Монтроги.

Кога закрепнал околу 1912 година, Миро отишол во Барселона, каде што решил да му се посвети на сликарството. Се запишал на Академијата Франсеск Гали, која ја посетувал до 1915 година, каде што се запознал со други идни каталонски уметници, од кои еден бил Жоан Пратс, со кого подоцна ќе одржува блиско пријателство. Во 1916 година, го запознал трговецот со уметнички дела Џузепе Далмау, кој се заинтересирал за неговите дела. Преку него, ги запознал Морис Рејнал и Франсис Пикабија. Својата прва самостојна изложба ја претставил во 1918 година во галеријата Далмау. Сите дела на оваа изложба биле под влијание на кубизмот, фовизмот, каталонската народна уметност и римските фрески. Неговото дело во тоа време комбинирало многу различни уметности. Веќе во 1920 година, заминал на своето прво патување на изложба во Париз. Истата година, го посетил Пикасо. Ова било голема чест за Миро, бидејќи Пикасо бил еден од неговите омилени сликари. Пикасо имал големо влијание врз делата на Миро, помагајќи му конечно да го пронајде својот стил и да се испроба како надреалист. Својата следна самостојна изложба ја одржал во Париз во 1921 година, во Галеријата Ла Ликорн, кога Ернест Хемингвеј ја купил неговата слика за пет илјади франци. Денес, оваа слика се наоѓа во Националната галерија во Вашингтон.

Најдобриот пријател на Миро бил Макс Ернст, уште еден надреалистички уметник. Заедно тие ги дизајнирале и костимите за балетот „Ромео и Јулија“ од 1926 година, изведен во Париз. Нешто подоцна, Миро почнал да покажува интерес за други облици на уметност, како што се колаж, литографија и гравура. Неговиот најпознат колаж е „Шпанската балерина“ (). Во 1929 година, Миро се оженил со Пилар Хункос , а две години подоцна имале ќерка која ја крстиле Долорес. Кога избувнала Шпанската граѓанска војна, тие се преселиле во Париз, каде што Миро продолжил да се занимава со својата уметност.

Кариера мини|Мурал на аеродромот во Барселона мини|Жена и птица (), 1983 Жоан Миро ја започнал својата кариера работејќи како сметководител во компанијата „Далмау и Оливерес“ во Барселона. Сепак, во 1912 година решил целосно да ѝ се посвети на уметноста. Неговите први дела биле вдахновени од делата на Ван Гог и Пол Сезан. Во тоа време сликал предели и мртви природи. Во 1918 година ја имал својата прва самостојна изложба во Барселона, а подоцна истата година станал член на уметничката група, кога почнал да создава под влијание на кубизмот и фовизмот. По студиите, Миро отишол во Париз каде што се запознал со важни уметници од тоа раздобје, како што се Пабло Пикасо, Тристан Кара и Макс Јакоб. Поминал низ кратко раздобје на кубизам, а сликата што го претставува неговиот премин кон надреализмот се вика „Фарма“. Од 1924 година, развил свој индивидуален стил што ќе го направи еден од врвните дострели на надреализмот. Истата година, тој го создал своето прво значајно дело, „Карневал на арлекини“, кое најверно го прикажува својствениот стил на Миро. Тој исто така станал член на надреалистичката група на Андре Бретон, што ќе му овозможи познанство со Андре Монсон и Макс Ернст, со кои подоцна ќе соработува.

Станал познат во Париз по неговата прва самостојна изложба, а подоцна им се придружил на други надреалисти на заедничка изложба во галеријата Пјер во 1928 година. Кратко потоа, Миро почнал да работи со колажи, што подоцна ќе влијае на неговата идеја да се занимава и со скулптура. Во 1930-тите, тој почнал сè повеќе да прави опити во својата работа. Исто така, дизајнирал костими за балет, а оттогаш неговите дела почнале да се појавуваат во француски и американски галерии. Иако бил во Париз за време на Шпанската граѓанска војна, своите мисли, Миро најдобро ги изразил во дело - мурал што го насликал за павилјонот на Шпанската Република на Светската изложба во Париз во 1937 година. Познати слики создадени во исто време се и ХХХХХХХ. По Втората светска војна, Миро стекнал уште поголема слава. Добил голем број нарачки, како што се мурали за хотел во Синсинати (1947) и за Универзитетот Харвард (1950). Покрај овие мурали, се издвојуваат керамичките мурали во Музејот Гугенхајм во Њујорк и на аеродромот во Барселона, но најзначајни се керамичките мурали што ги направил за зградата на УНЕСКО во Париз. Миро добил бројни награди за своите достигнувања, од кои најзначајни биле престижната награда на Венециското биенале (1954) и златниот медал што го добил од кралот Хуан Карлос (1980).

Делото на Миро е полно со експериментирање во силни бои, облици и стилови што успеал да ги изрази преку различните техники на неговата уметност. Така успеал да ја изгради својата кариера, секогаш обидувајќи се да ги поништи сите традиционални уметнички облици и на тој начин останувајќи доследен на своето експериментирање со кое го обележува своето уникатно творештво. Тој знаел како да спојува различни стилови во целина, создавајќи рамнотежа меѓу нив, така што на крајот да добие апстрактно и изразливо дело.

Во својата подоцнежна кариера, Миро се насочил повеќе кон создавање монументални дела, јавни изложби и се обидел да се сосредоточи на симболите и пораките што тие ги носат. Големината на неговите дела е потврдена од големата изложба на неговите собрани дела во Националниот музеј на модерна уметност во Париз во 1962 година.

Миро полека се развивал како уметник, постигнувајќи неверојатен израз во своите уметнички дела. Ова му донело огромна слава, но и покрај тоа, Миро секогаш се обидувал да се сосредоточи на своето творештво и дело што го градел внимателно и страсно низ годините.

Стилови Надреалистичкиот израз на Миро е лирски и апстрактен. Се одликува со разиграност на имагинацијата, хуморот и фантазијата, апстрактни односи на необични геометриски облици, како и чудна, изопачена стварност. Во Париз, под влијание на поети и писатели, тој го развива својот уникатен стил: органски облици и сплескани слики од авиони насликани со остри линии. Стилот на Миро бил под влијание на надреализмот и дадаизмот во различни фази.

Ран фовизам: На неговите рани модернистички дела му припаѓа, пред сè, Портрет на Винсент Нубиола (1917). Во оваа фаза, видливо е влијанието на Пол Сезан, кој го слика платното со шарена заднина и користи повисоки техники на сликање отколку во другите негови дела.

Магиски реализам: Почнувајќи од 1920 година, Миро развил многу прецизен стил, избирајќи го секој елемент поединечно и подредувајќи го подробно. Делата како „Куќа со палма“ и „Акт со огледало“ покажуваат јасно влијание на кубизмот, иако на многу воздржан начин. Врвот на оваа фаза е делото „Фарма“ (1921–22).

Ран надреализам: Во 1922 година, Миро истражувал апстрактен, силно обоен надреализам во барем една слика. Од летото 1923 година, тој започнал низа слики во кои преовладуваат апстрактни сликарски симболи. Дело од ова раздобје е „Каталонски предел“.

Надреалистички сликарски јазик: До средината на 1920-тите, Миро развил симболичен сликарски јазик кој ќе биде во средиштето на неговата кариера. Но, во подоцнежните дела, фигурите во преден план се појавуваат многу помалку истакнати, а оние што преостануваат се поедноставени. Кратко потоа, тој ја започнал својата низа слики, „Шпанскиот танчер“, користејќи плута, перце и мастило на бела хартија.

Експериментален стил – Миро бил меѓу првите уметници кои го развиле автоматското цртање како начин за поткопување на претходно воспоставените техники во сликарството. Тој ги спроведува своите интереси во светот на уметноста, од автоматско цртање и надреализам, до експресионизам, лирска апстракција и слики исполнети со бои.

Подоцнежен живот и смрт мини|Миро во 1935 година Жоан Миро бил надарен и разновиден. Тој бил заинтересиран за пештерско сликарство. Во 1937 година, направил низа постери за Шпанската Република, откако застанал на страната на револуционерите за време на Граѓанската војна. Во јануари 1940 година, го завршил своето последно Соѕвездие и, поради германската окупација, се преселил во Палма де Мајорка. Потоа Миро се преселил во Њујорк осум месеци за да работи на голем мурал за хотелот „Терас Плаза“ во Синсинати во 1947 година. Во 1958 година, во соработка со Џузепе Љоренсо Артигас, го создал муралот „Мур дел сол“ и „Мур де ла луна“ за зградата на УНЕСКО. Во 1975 година, ја основал Фондацијата Жоан Миро во Барселона. Учествувал на надреалистичката изложба организирана од Марсел Дишан и Андре Бретон, а исто така добил и награда од Фондацијата Гугенхајм. Деведесеттиот роденден на сликарот бил одбележан низ целиот свет со бројни изложби, монографии и ретроспективи. Починал во својот дом во Палма де Мајорка во 1983 година и бил погребан со големи почести во Барселона.

Денес постои музеј „Миро” во Палма де Мајорка, посветен на овој великан.

Најзначајни дела алт=|мини|Жена (), 1983 Слики Портрет на Винсент Нубиола, кат. Retrato de Vicens Nubiola 1917. Аутопортрет ,кат. Autorretrato 1919. Портрет на шпанска балерина, кат. Retrato de bailarina española 1921. Фарма, кат. La masía 1922. Арлекински карневал, кат. El carnaval del arlequín 1925. Човек са луле, кат. Hombre con pipa 1925. Градина, кат. El Jardín 1928. Полжав, жена, цвет и ѕвезда, кат. Caracol, mujer, flor y estrella 1934. Соѕвездие: будење в зори, кат. Constelación: despertando al amanecer 1944. Жена пред сонце, кат. Mujer ante el sol 1950.

Скулптури Лице со чадор — кат. Personaje con paraguas, 1933. Месечева птица — кат. Pájaro lunar, 1946.-1949. Сончева птица — кат. Pájaro solar, 1946—1949. кат. Reloj de viento, 1967. кат. La caricia de un pájaro, 1967. кат. Mujer botella, 1973. Пес — кат. Perro, 1974. Мис на Чикаго — кат. Miss Chicago, 1981. Жена — кат. Femme, 1981. Жена и птица — кат. Mujer y Pájaro, 1983.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Joan Miró–Painter of another reality and creator of a theatre of dreams A biographical film of Miró's life by Roland Penrose (1978, 56 min., Youtube; English and French with subtitles) Joan Miró works at the National Gallery of Art Olga's Gallery: Joan Miró Artcyclopedia Directory of online works Algorithmic emulation of the most basic aspects of the works of Joan Miró using random numbers and Bézier functions

Категорија:Апстрактни сликари Категорија:Каталонски сликари Категорија:Шпански сликари