Константин (Костадин, Коста) Христов Терзиeв (Кукуш, – , ) — македонски општественик, деец на Македонската федеративна организација, борец за самостојна македонска држава.Гоцев, Димитър. НОВАТА НАЦИОНАЛНО-ОСВОБОДИТЕЛНА БОРБА ВЪВ ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЯ 1944-1991 г., Македонски научен институт, София, 1998
Животопис Терзиев е роден во 1872 г. во градот Кукуш, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1907 г. завршува на Солунската машка гимназија, а потоа работел како секретар кај Димитар Поп Ангелов за време на бугарската окупација на градот во Првата балканска војна.
По крајот на Првата светска војна се вклучува во левото крило на македонската емиграција во Бугарија и учествува во формирањето на Македонската федеративна организација. Во 1923 г., Терзиев, заедно со Филип Атанасов, Кочо Хаџи Риндов, Славе Иванов се сместил во Виена и започнал да го издава весникот „Македонско сознание“. Поради тешката финансиска состојба, групата на Терзиев, Хаџи Риндов и Миладинов се сврзува со Жика Лазиќ и со поткрепата на српската држава продолжува издавањето на весникот „Македонско сознание“. Константин станал близок соработник на тогашниот министер за надворешни работи на Југославија, Момчило Нинчиќ.Мићић, Срђан. Протогеровисти ВМРО у Југословенској служби 1930–1935. године, Војноисторијски гласник, бр. 2/2018, с. 74, бел. 11През 1929 година, в брошурата „Родоотстъпници“, Ванчо Михайлов публикува списък на сръбски и болшевишки агенти в България, www.extremecentrepoint.com, посетен на 12.04.2013 г.
По создавањето на Народната Република Македонија во рамките на Југославија, Терзиев учествува активно во политичките процеси во Скопје. Заедно со Васил Иванов, Коста Тренчев, Димитар Пеев, Георги Гоцев, Кирил Сивески и свештеникот Никола Попов испраќаат меморандум до Големите сили, во кој се против политичкиот терор вршен од страна на Лазар Колишевски, Светозар Вукмановиќ и Александар Ранковиќ. Во 1947 г. започнал судски процес против оваа група и сите биле осудени на смрт. Службите го воделе Терзиев дека работи за непријателска пропаганда и за припадник на терористичката организација на ВМРО.Хронология от сайта Архивите говорят , www.archivesforbalkans.bg, посетен на 12.04.2013 г. Под притисок на ООН, обвиненијата на сите освен на Коста се тргнати. Стрелан е на 15 април истата година.
Наводи
Надворешни врски
„Обраќање на проф. д-р Константин Терзиев испратено од Виена на 5 септември 1922 година до претседателот на ЧСР проф. д-р Т. Г. Масарик во кое бара негово ангажирање за праведно решавање на македонското прашање“, од „Чехословачки дипломатски документи за Македониjа 1919 – 1933, кн. 1“, Скопје, 2006.
Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на Македонската федеративна организација Категорија:Дваесет и трета генерација на матуранти од Солунската машка гимназија