Пиду (француски: Puidoux) е општина во кантонот Во, Швајцарија. Се наоѓа во регионот Лаво, познат по лозарството и винската култура. Пиду е во близина на Женевско Езеро и е дел од светското културно наследство на УНЕСКО поради познатите лозја Лаво.
Географија Општината се протега на површина од околу 22,89 кm². Површински земјоделски области сочинуваат околу 62,3% од вкупната територија, а шуми околу 24,3%. Во општината се наоѓаат населби и маала како Публоз, Кремиере и Трејторенс, како и познатите лозја Дезале. На територијата на Пиду се наоѓа и Езерото Брe (Lac de Bret), кое претставува важен извор на пиење вода за соседните општини, вклучително и Лозана.
Население Според податоци од 2020 година, во Пиду живеат околу 3.000 жители. Главен јазик е францускиот. Во општината живее и значителен број Македонци, кои претставуваат една од најголемите странски заедници во местото. Поголемиот дел од Македонците во Пиду потекнуваат од Пијанечки крај (околината на Делчево), како и од други градови на Македонија, меѓу кои Прилеп, Струмица и други.
Македонска заедница Во Пиду активно делува македонското добротворно друштво „Пијанец“, преку кое со години се организираат традиционални збиднувања како Ѓурѓовденски пикник, игранки по повод 8 март и други културни и спортски активности.
Спорт Фудбалскиот клуб ФК Пидо-Шебре со години наназад во својот состав вклучува голем број Македонци, кои имаат значителен придонес во неговите резултати и развој.
Транспорт Пиду има железничка станица која е дел од регионалната мрежа што го поврзува со Лозана и Женева. Автомобилски пристап е овозможен преку автопатот A9.
Познати места
Женевско Езеро (Lac Léman) Езеро Брe (Lac de Bret)
Надворешни врски
Официјална веб-страница на општината Пиду
Категорија:Општини во Швајцарија