Никола Динев Абдураманов (Пателе, – Горно Оризари, ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис Абдураманов е роден во 1895 г. во леринското село Пателе, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Тој бил син на Дине Абдураманов, виден деец на ВМОРО. И Никола стапил во редовите на ВМОРО. Уапсен е од новите грчки власти во 1926 г. и екстрадиран во Кралството СХС. Подоцна живеел во Битола, каде во октомври 1926 г. властите повторно го уапсиле под сомнение за револуционерна дејност и учество во атентатот врз новинарот Спас Хаџи Поповиќ на 3 јули 1926 година.Колектив. Македония - история и политическа съдба (1912 - 1941), Том II, Издателство „Знание“ ООД, 1998, стр. 182.
По убиството бил осуден на смрт и стрелан во с. Горно Оризари, Битолско на 21 јуни 1928 година заедно со Васил Липитков од Љубетино, Димитар Јуруков од Битола, Фидан Мојсов од Кукуречани и Павле Стојанов од Желево.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери