Зборовни игри или јазични игри — игри во кои играчите се натпреваруваат во образување, смислување или погодување зборови според одреден збир правила. Може да биде која било игра што вклучува образување, откривање или менување на еден или повеќе зборови.

Зборовните игри можат да бидат: говорни (вербални), игри со хартија и молив или игри на плоча. Повеќето стручњаци се согласуваат дека тие се јавуваат само во неколку облици, кои се ограничени на распоред на букви, замена на букви или пополнување празнини. Ваквите игри често се направени да ги проверат јазичните вештини на играчот или да ги истражат својствата на јазикот. Тие обично се практикуваат како облик на забава, но се користат и за педагошки цели. Некои од овие игри вклучуваат елементи на случајност или „среќа“ (како што е скрабл), додека други бараат одредено знаење или вештина (крстозборките се еден таков пример).

Историја десно|мини|250x250пкс|Пример за палиндром, пронајден во Помпеја Играта отсекогаш била една од омилените активности на човекот. Веројатно е дека првите луѓе што го развиле говорот биле и првите што ги измислиле игрите со тој говор. Зборовните игри веројатно постоеле, во некој облик, откога постои и јазикот, бидејќи тие се условени исклучиво од способноста на човекот да зборува, чита и пишува.

На пример, зборот „игра“ се појавува во староанглискиот јазик околу 1200 година пр. н. е. До средината на 16 век, луѓето изгледа го користеле поимот „игра“ за да опишат некаков вид забава или спорт. Подоцна, се појавиле коцкарските игри, а наскоро и концептот на игри какви што ги знаеме денес. Кога некој ќе помисли на игри со зборови, првата асоцијација што веројатно му паѓа на ум е крстозборката, која можеби е една од најраните игри со зборови во денешната смисла.

Првите облици на крстозборки се појавиле кон крајот на 16 век, но нивниот сегашен препознатлив облик не се појавил сè до околу 1913 година во Соединетите Американски Држави. Понатамошниот развој на зборовните игри зел различни насоки, но повеќето стручњаци се согласуваат дека тие се појавуваат само во неколку облици, кои се ограничени на распоред на букви, замена на букви или пополнување празнини.

Во современото општество Во современото општество, зборовните игри понатаму се развиваат, станувајќи предизвик што ги проверува јазичните вештини и/или знаење. Како такви, бидејќи се многу забавни, тие наскоро станале натпреварувачки, но исто така влегле и во педагошката пракса. Денес, постојат неверојатни можности за уживање во зборовни игри, почнувајќи од игри со пенкало и хартија, игри на друштвени игри на плоча, па дури и голем број различни апликации создадени за компјутери и „паметни“ телефони. Исто така, постојат популарни ТВ-квизови што вклучуваат игри со зборови, а во кои победниците можат да освојат вредни парични награди. Многу зборовни игри имаат меѓународна популарност и можат да се играат на многу јазици, додека некои се единствени за одреден јазик.

Придобивки десно|мини|250x250пкс|Скрабл, една од најстарите игри со зборови што се играат на табла Некои од придобивките од зборовните игри се:

Зборовните игри не се ограничени според возраста. Тие можат да ги играат, во зависност од сложеноста, сите поколенија. На пример, малите деца можат да уживаат играјќи едноставни игри како што е „Бесилка“, додека развиваат важни вештини како што се читање, пишување и правопис. Од друга страна, решавањето крстозборки е игра која бара побогат речник. Оваа активност долго време е позната како добар начин за одржување на острината на умот кај постарите лица.

Во функција на учење преку игра, можат да се користат различни видови зборовни игри. Тие можат да бидат: игри со букви и зборови, јазични и книжевни игри, ребуси, игри со пополнување зборови и крстозборки. Сите овие и други облици имаат поттикнувачка улога и го зголемуваат нивото на занимливост, придонесувајќи за пријатна и опуштена работна атмосфера. Учењето преку игра ја зголемува независноста на учениците, љубопитноста на духот, ги развива способностите за размислување, набљудување, логичко расудување и голем број други ментални операции. Во текот на овој процес, ученикот не е пасивен примател на информации, туку е многу активен учесник. Некои проучувања за развојот на говорот и размислувањето кај децата од социо-културно ускратени средини покажуваат дека им недостасувало јазично истражување и вообичаената игра со зборови, што го олеснува зголемувањето на комуникативните вештини и служи за проширување на знаењето.

проширување на речникот, односно вокабуларот, развивање на способноста за размислување и вештини за логичко расудување, одржување на менталната активност, помош при учење странски јазици, инвентивност и развој на личноста, и многу други.

Во педагогијата мини|268x268пкс|Пример на „бесилка“ на англиски јазик во тек; решението е зборот Wikipedia. Здола се напишани искористените букви кои не се наоѓаат во зборот

Придобивки од игрите со зборови за развој на децата Овие игри се одличен начин да се започне разговор за тема што е важна за детето. На овој начин, детето не само што успешно пристапува кон темата, туку му се дава и „оружје“ да почне да гледа на она што во тој миг му е проблем, на поинаков начин преку играта. Во исто време, преку разни игри со зборови, речникот на детето се проширува, а исто така има влијание на подобар изговор, памтење итн. Исто така, за срамежливо дете или дете кое има разни стравови и вознемиреност, игрите со зборови можат да помогнат во надминувањето на овие тешкотии на најбезболен и најдобар начин.

Надворешни врски Концептот и сложеноста се различни кај секоја игра . Некои, како што се крстозборите, бараат добро општо знаење и богат вокабулар и воопшто не зависат од случајност. Од друга страна, скрабл е игра која бара богат вокабулар, но исто така зависи од случајност, или „среќа“, бидејќи изборот на букви е случаен

Усни игри каладонт, продолжи ја приказната, игра на асоцијации, на буквата, на буквата занимлива географија, брзозборки, разбројувалки ... гатанки

Пишувани игри (со молив на хартија) крстозборки, бесилка, ребуси, полнила, скриени зборови, анаграми, липограми, палиндроми, панграми

Игри на табла

скрабл , богл, и други

Видови Игрите со зборови совршено се вклопуваат во природата на компјутерските и онлајн игрите. Тие се лесно достапни и често се бесплатни, а може да се играат и на компјутери и на паметни телефони. Тие се засноваат главно на пишани и друштвени игри, а многу веб-страници нудат богатство од такви апликации.

Зборовниte игри и модерните технологии Енигматика ТВ-сложувалка Квискотека

Наводи

Категорија:Игри