Месен народен одбор Стрезовце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година. Центар на општината било селото Стрезовце.
Историја Месниот народен одбор Стрезовце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Војник, Облавце и Стрезовце. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане не претрпел територијални промени. МНО Стрезовце тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Стрезовце бил укинат на сметка на новиот МНО Облавце кој ги добил селата Облавце и Стрезовце, додека проширениот МНО Младо Нагоричане го добил Војник.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Стрезовце имал 1.065 жители. Од таа бројка, 1.040 биле Македонци, 13 биле Власи, 7 биле Роми, 4 биле Срби, додека 1 бил Турчин. Година1948Населено местожителиВојник121Облавце383Стрезовце561Вкупно1.065
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Стрезовце Стрезовце Стрезовце Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија