Карл-Хајнц Урбан (; р. Велингтон, 7 јуни 1972 г.) — новозеландски филмски и телевизиски глумец, најпознат по улогите на Судијата Дред во британскиот филм „Дред“, д-р Леонард Макој во „Ѕвездени патеки“, Еомер во трилогијата „Господарот на прстените“, Цезар и Купидон во серијата „Зина: Принцезата воин“, Косачот во филмот „Пропаст“, како и по улогата на Били Бучер во серијата „Момците“.
Животопис Карл-Хајнц Урбан е роден во новозеландскиот град Велингтон, во семејство на германски емигрант, сопственик на кожарска работилница. На осумгодишна возраст, за првпат се појавил во телевизиски емисии. Учел во црковно училиште, а се запишал на Викторијанскиот универзитет во Велингтон, кој не успеал да го заврши поради неговата кариера во кино што брзо се развивала.
Неговата прва филмска улога била во полициската драмска серија „Ајкула во паркот“ во 1991 г. Во 1993 г., на Карл му била понудена улога во серијата „Шортланд стрит“. Во средината на 1990-тите, се приклучил на глумечката екипа на американските телевизиски серии „Зина: Принцезата воин“ и „Херкул: Легендарните патувања“, кои се снимале низ целиот свет. Важна улога за кариерата на Карл била улогата на земјоделец во „Цената на млекото“ (2001), благодарение на која го препознале гледачите ширум светот.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Родени на 7 јуни Категорија:Живи луѓе Категорија:Новозеландски глумци Категорија:Родени во 1972 година