Свети Никола — стара селска црква во азотското село Оморани, Македонија.

Местоположба

Црквата во близина на потегот Старо Село, каде некогаш се наоѓало селото Оморани, недалеку од десниот брег на реката Бабуна.

Историја

За црквата нема податоци кога била изградена, освен дека е подигната по 1601 година.

Според извршен увид во 2022 година во рамки на проект „Мониторинг на православното културно наследство“ било утврдено дека остатоци од црква не постојат и дека денес е видлива само трпезаријата кај селските гробишта.

Архитектура

Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и отворен трем на западната страна. Подоцна е целосно обновена, со што е изгубена нејзината споменична вредност. Единствени траги за нејзиниот изворен изглед има во документацијата на Националниот конзерваторски центар, каде се вели дека му припаѓала на поствизантискиот период и имала зачуван живопис во апсидата со претстава на Богородица Ширшаја и друг фрагмент десно од неа.

Поврзано Велешко архијерејско намесништво Богомилска парохија Оморани

Наводи

Оморани