„Сивата зона“ (англиски: The Grey Zone) – филм на режисерот Тим Блејк Нелсон (Tim Blake Nelson) од 2001 година, кој е автор и на сценариото, кое е засновано на автобиографскиот роман на лекарот Миклош Њисли според кој Нелсон претходно ја напишал истоимената драма. Главните улоги ги играат: Дејвид Аркет (David Arquette), Алан Кордјунер (Allan Corduner), Харви Кајтел (Harvey Keitel), Стив Бушеми (Steve Buscemi), Мира Сорвино (Mira Sorvino), Наташа Лајон (Natasha Lyonne) и Камелија Григорова (Kamelia Grigorova). Филмот бил номиниран за наградата „Златна школка“ на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан.Siva zona, američki film (пристапено на 14.5.2025)
Синопсис Дејствието на филмот се одвива во есента 1944 година, во концентрациониот логор Аушвиц 2, Биркенау, каде меѓу останатите затвореници се наоѓа и една група т.н. Сондеркомандоси, унгарски и полски Евреи кои им служат на нацистите, обезбедувајќи си одредени привилегии. Во групата се наоѓаат лекарот Миклош Њисли (го игра Кордјунер) кој е близок соработник на д-р Јозеф Менгеле, како и младиот Хофман (го игра Аркет), циничниот Абрамовиц (го игра Бушеми) кој верува дека ќе ја преживее војната, разочараниот Макс Шлермер итн. Во женскиот дел на логорот, меѓу затвореничките кои работат во фабриката за муниција, се наоѓаат исцрпената Дина (ја игра Сорвино) која сонува за бегство од логорот и нејзината сопатничка Роза (ја игра Лајон) која се согласува да ѝ помогне на Дина. Во гасната комора, Хофман открива преживеано девојче кое онемело од шокот, па одлучува да ѝ помогне...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2001 година Категорија:Биографски филмови Категорија:Филнови засновани на романи Категорија:Филмови за холокаустот Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Полска Категорија:Филмови на Тим Блејк Нелсон Категорија:Филмови со Дејвид Аркет Категорија:Филмови со Алан Кордјунер Категорија:Филмови со Наташа Лајон Категорија:Филмови со Камелија Григорова Категорија:Филмови со Мира Сорвино Категорија:Филмови со Стив Бушеми Категорија:Филмови со Харви Кајтел