Ана Трпчева Стојанова-Кандиларова (Воден, – Арбанаси, ) — македонска учителка и просветителка.

Животопис Трпчева е родена во 1865 г. во градот Воден, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција, во семејството на Трпче Стојанов. Сестра е на Апостол Трпчев. Стекнала образование во родниот град, а до 1882 г. и во Маринската женска гимназија во Одеса, Русија. Подоцна се вратила во Македонија и била назначена за директорка на женското училиште во Велес. Од 1884 до 1887 г. предавала во Солунската женска гимназија „Св. Благовештение“ и била директорка на интернатот (1884–1885).

Ана се омажила за учителот Георги Кандиларов. Починала во с. Арбанаси во 1941 г.

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски преселници во Велико Трново