Стогодишникот кој скокна низ прозорецот и исчезна (), е стрип-роман од 2009 година од шведскиот автор Јонас Јонасон. Шведската верзија за прв пат била објавена на 9 септември 2009 година, а англиската верзија на 12 јули 2012 година.
Во 2018 година од печат излегло продолжението: Случајните понатамошни авантури на стогодишниот човек.
Заплет Алан Карлсон се подготвува да го прослави својот стоти роденден, а во неговиот дом за стари лица во Малмкопинг се планира забава по тој повод. Алан не е заинтересиран. Наместо тоа, тој излегува низ прозорецот и исчезнува. Пешачи до автобуската станица, со намера да патува колку што му дозволуваат парите што му се на располагање. Таму среќава млад човек со куфер преголем за да го земе во тоалет. Човекот влегува внатре, грубо барајќи од Алан да се погрижи за куферот. Но, пристигнува автобусот на Алан и тој одлучува да се качи, земајќи го куферот со себе. Куферот е полн со пари од нелегална дрога, па Алан е бркан од наркобандата, како и од полицијата, која го третира како исчезнато лице. Тој се заплеткува во разни криминални активности, на крајот бегајќи кога човекот од автобуската станица случајно е заробен во замрзнувач, неговото тело завршува во контејнер наменет за Џибути. Слон згмечува друг член на бандата, а неговите останки се ненамерно испратени во Латвија во багажникот на Форд Мустанг.
Паралелно со неверојатните авантури на Алан како стогодишник, романот вклучува флешбекови до сè пофантастични епизоди од неговите младешки денови.
Порано, како млад човек, Алан работел во фабрика за динамит, а неговата експертиза го однела во Шпанија за време на граѓанската војна, каде што, по игра на случајот, го спасил генералот Франко. Преселувајќи се во Соединетите Американски Држави, тој станал добар пријател со Хари С. Труман и помогнал во изработката на атомската бомба.
По војната, Алан е испратен во Кина за да му помогне на Куоминтангот во борбата против комунистите, но тој губи интерес и заминува за Шведска пешки, каде што се здружува со група комунисти; тие ги преминуваат Хималаите до Иран, каде што Алан е заробен. Како измама, Алан му нуди помош на началникот на полицијата во обидот за атентат врз Винстон Черчил.
По доаѓањето во Шведска, Алан сфаќа дека властите се сомневаат во неговата експертиза за производство на бомби, но затоа пак, Русите го сфаќаат сериозно и тој се спријателува со Јуриј Попов, кој го носи во Советскиот Сојуз за да се сретне со Сталин. Сепак, Сталин е навреден од тоа што го спасил животот на Франко, а Ален е осуден на тешка работа во гулаг во Владивосток. Таму го среќава измислениот полубрат на Алберт Ајнштајн, Херберт.
Херберт и Алан бегаат од гулагот, предизвикувајќи пожар го целиот Владивосток. Патувајќи во Северна Кореја за време на Корејската војна, двајцата се претставуваат како советскиот маршал Кирил Афанесјевич Мерецков и неговиот помошник и се среќаваат со Ким Ил-сунг и Мао Це Тунг. Иако брзо ги откриваат дека се измамници, катастрофата е избегната кога Мао Це Тунг дознава дека Алан ја спасил неговата сопруга, Џијанг Ќинг, за време на Кинеската граѓанска војна. На Алан и Херберт им нудат пари и ги испраќаат на Бали на долг одмор.
На Бали, Херберт запознава една индонезиската келнерка, Ни Вајан Лакшми, со која ќе се ожени и го менува името, нарекувајќи се Аманда. Таа корумпирано ги користи парите за свои политички цели и се договара да се назначи за амбасадор на Индонезија во Франција.
Во 1968 година, Аманда, Херберт и Алан патуваат во Франција. Во Елисејската палата, Аманда и Алан ручаат со Шарл де Гол и Линдон Б. Џонсон, кој е во Париз на разговори за Виетнамската војна. Алан го разоткрива специјалниот советник на францускиот министер за внатрешни работи, Кристијан Фуше, како советски шпион. Ова го понижува Де Гол, но му угодува на Џонсон, кој подоцна го прави Алан шпион на ЦИА. Благодарение на дојавата од Алан, протестите во Париз завршуваат. Алан треба да добие медал, но веќе заминал за Москва.
Во Москва, Алан се засолнува во американската амбасада и повторно се среќава со Попов. Двајцата решаваат да напишат разузнавачки извештаи коишто ќе ги задоволат и двете страни. Нивните извештаи резултираат со посета на Леонид Брежњев од страна на Ричард Никсон, но исто така предизвикуваат двете страни да ги зголемат трошоците за нивните нуклеарни оружја.Одкако Советскиот Сојуз се распаѓа, Алан одлучува да се врати во Шведска.
Алан почнува да води мирен живот и посвојува мачка која ја нарекува Молотов. Откако Молотов е убиен од лисица, Алан не може да одолее на поставувањето стапица со динамит, што резултира со огромна експлозија. На крајот, властите одлучуваат да го испратат Алан во домот за стари лица во Малмкопинг, од каде што, на неговиот стоти роденден, тој решава да избега.
Книгата завршува со 100-годишниот Алан и неговите другари кои одат за Индонезија, каде што се сместуваат во луксузен хотел управуван од Аманда и нејзините синови. Кога му пристапува претставник на индонезиската влада, кој е заинтересиран за експертизата на Алан за атомска бомба, тој се согласува да помогне, велејќи си дека барем индонезискиот претседател, Јудхојоно, е нормален - за разлика од другите лидери што ги сретнал во текот на својот живот.
Изданија и прием кај читателите „Стогодишниот човек што скокна низ прозорецот и исчезна“ најпрво излезе како книга во хартиена форма во тврд повез и аудио книга во 2009 година, а како книга со мек повез во 2010 година. Станала најпродавана книга во Шведска во 2010 година, а до јули 2012 година била продадена во три милиони примероци низ целиот свет. Аудио книгата, читана од актерот Бјорн Гранат, ја освои ланаградата „Ирис Људбоксприс“ во 2010 година. Книгата била објавена во Обединетото Кралство од страна на „Хесперус Прес“ на 12 јули 2012 година и во Соединетите Американски Држави од страна на „Хиперион Букс“ на 11 септември 2012 година.
Наводи
Категорија:Статии со извори на шведски (sv) Категорија:Шведски романи