Бабино () — село во западна Бугарија, во рамките на Општина Бобов Дол, Ќустендилска област.
Географија Селото Бабино е планинско, основано блиску до Коњавската Планина. Поради тоа има надморска височина од околу 618 метри. Три километри запад од селото се наоѓа градот Бобов Дол, главна престолнина на истоимената општина. Низ селото тече т.н. Бабинска река. Во селото се наоѓа најголемиот рудник во Бугарија — рудник „Бабино“ кои досегал произведил 800 тони јаглен. Голем дел се префрлени во ТЕЦ „Мини Бобов Дол“. Во 2017 година рудникот бил затворен поради здраствени загрижи.Рудник Бабино е затворен през май 2017 г.
Историја Селото Бабино е меѓу постарите села во Ќустендилскиот област. Според Николај Мичев, селото е најверојатно основано пред 1878 година. Во 1821 година првата селска црква „Свети Четириесет маченици“ била изградена. Во 1889 година селото било прогласено за седиште на истоимената општина, во нејзин состав влегол и околиското село Мала Фуча.
За време на Балканските војници, 2 лица доброволно се пријавиле во Македонско-одринските доброволни чети. Во 1920-тите селаните во селата Бабино, Бобов Дол и Мламово организирале бунт против тогашната профашистичка власт. Повеќето биле уапсани додека некои биле ликвидирани.
Во селото има една црква и едно основно училиште — „Св. Кирил и Методиј“.
Население Население на Бабино според следните пописи:
Етнички состав (2011) Етнички состав на селото според пописот во 2011 година: +БројУделВкупно229100%Бугари22698,69%Турци00%Роми00%Други00%Не одговориле31,3%
Наводи
Категорија:Општина Бобов Дол Категорија:Населени места во областа Ќустендил