Небесна наезда (, ) — јапонска манга напишана од Цуина Миура и илустрирана од Такахиро Оба.
Серијата била објавувана онлајн на примената Manga Box на DeNA од декември 2013 до април 2019 г., при што Kodansha го составила во дваесет и еден том танкобон. Мангата е лиценцирана во Северна Америка од Seven Seas Entertainment.
Продолжението на мангата насловено Небесна наезда: Пристигнување (англ. High-Rise Invasion Arrive; јап. 天空侵犯arrive) било серијализирано на веб-страницата и примената Magazine Pocket на Kodansha од јули 2019 до април 2021 г., со објавени седум тома танкобон.
Адаптација на серијата во оригинална мрежна анимација (ONA) од студиото Zero-G била пренесувана низ целиот свет на Netflix во февруари 2021 г.
Содржина Средношколката Јури Хонџо ненадејно се наоѓа пренесена во свет полн со облакодери поврзани со висечки мостови. Набргу потоа, таа открива дека ја ловат загадочни личности што носат маски. Подоцна, дознава дека и нејзиниот брат, Рика, е заробен во истиот свет. Таа среќава други младинци во истата опасна ситуација, но не е сигурна дали тие ќе бидат сојузници или противници.
Ликови Јури Хонџо (јап. 本城 遊理) — средношколка што е ненадејно пренесена во чуден свет исполнет со високи згради (облакодери), каде што неа и други како неа ги гонат убијци што носат загадочни бели маски. Откако сфаќа дека и нејзиниот постар брат Рика е пренесен во овој необичен свет, братот и сестрата одлучуваат да се пронајдат и да бараат начин да избегаат. Познато е дека таа има братски комплекс.
Мајуко Нисе (јап. 二瀬 真由子) — една од луѓето пренесени во загадочниот небесен свет. Малтретирана и запоставена од сите, вклучувајќи ги и нејзините родители, Мајуко станала немилосрден убиец во овој нов свет, не сакајќи да му верува на никого. Меѓутоа, откако е спасена од Јури, Мајуко целосно се посветува да ѝ помага. Откако стануваат пријателки, Мајуко развива чувства кон Јури.
Рика Хонџо (јап. 本城 理火) — постариот брат на Јури и еден од луѓето пренесени во загадочниот небесен свет. Неговиот доверлив карактер го води брзо да стане водач на мала човечка група што напорно работи за да најде излез од овој свет, додека одржува врска со својата сестра преку телефон за да ѝ дава совети и да разменува информации.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2013 година Категорија:Манга од 2019 година