мини|473x473пкс|Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија - руска икона Светите маченички Вера, Нада и Љубов () и нивната мајка Софија (Мудрост) — христијански светици и маченички од II век.
Тие живееле и починале во Рим за време на владеењето на царот Адријан. По раѓањето на третата ќерка, Софија останала вдовица.
Во времето на нивната смрт, Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов 9 години. Тие биле изведени пред царот, каде што решително ја признале својата вера во Исус Христос и одбиле да ѝ принесат жртви на божицата Артемида. Потоа биле мачени и убиени по наредба на царот. Софија ги зела мртвите тела на своите ќерки и ги погребала надвор од градот. По три дена и три ноќи молитва на нивните гробови, таа самата починала во 137 година.
Православната црква ги слави светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија на 17 септември според јулијанскиот календар, или 30 септември според грегоријанскиот календар..
Наводи
Надворешни врски
Светите маченички Вера, Нада, Љубов и нивната мајка Софија Акатист на Светите маченици Вера, Надеж и Љубов и на нивната мајка Софија Светите маченици Вера, Нада, Љубав и нивната мајка Софија, Црковен календар 17 септември
Категорија:Христијански светци Категорија:Починати во 137 година