Ѓорѓи Прчков (, ) – романсиер и раскажувач за деца.„Значајни личности за Битола - писатели“, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2008, стр. 97-99

Животопис Роден е во селото Битола, во 1942 година во занаетчиско семејство. Основното образование го завршил во училиштето „Трифун Пановски“, средното во Средното земјоделско училиште“, и се запишал и на Педагошката академија во Битола во класата на професорите Владимир Костов и Лазо Каровски. Со пишување почнаl од најрано детство, во почетокот со куси раскази, а потоа романи и сказни за деца и млади. Откако се вработил во ОУ „Тодор Ангелевски“ како наставник по македонски јазик, почнал поинтензивно да пишува и објавува, во почетокот проза наменета за деца и млади, а од 1990 и за возрасни.

Член беше на редакцијата при составувањето на антологијата „Битолски писатели“. Негови раскази среќаваме во списанијата за деца: „Другарче“, „Развигор“, „Наш свет“, „Детето и сообраќајот“, „Колибри“, во седум читанки за основното образование. Негов расказ објавен е во книгата „Златна книга на прозата за деца“ (2004). За возрасни објавувал во „Млад борец“, „Студентски збор“ и списанието „Развиток“.

Творештво Автор е на следните дела: „Марширања“ (тетралогија - прва и единствена во Македонија, 2000), „Жед во срцето“ (раскази, 2000), „Битолски подробности“ (роман, 2001), „‘Рѓосани и поразени“ (роман, 2002), „Жими крст и кандило“ (роман, 2003), „Сорти“ (роман, 2003), „Џек“ (роман, 2004), „Верушка“ (роман, 2004), „Аманет“ (роман, 2006), „Она“ (раскази, 2006), „Зеа маус“ (роман, 2007), „Маченица“ (роман, 2007), „Бурмут“ (роман, 2008), „Хераклејски прстени“ (роман, 2008).

И на следните за деца и младина: „Велосипедисти“ (повест, 1980), „Чистотник“ (раскази, 1981), „Рудата“ (роман, 1982), „Живот на тркала“ (повест, 1984), „Лелчо“ (сказна, 1985), „Словенските првоучители“ (раскази, 1985), „Ластарче и Цуки“, (сказна, 1985), „Големиот учител Климент Охридски“ (раскази, 1986), „Tрите скапоцени камчиња“ (сказна, 1990), „Топката што многу знае“ (сказна, 1993), „Математичар“ (драма, 1996), „Како расте Славчо“ (раскази, 1996), „Огнови“ (раскази, 1996), „Штурчо“ (сказна, 2005), „Миленичето Монче“ (сказна, 2007).

Награди Награда „4 Ноември“ во 1986 година за книгата „Ластарче и Цуки“

Повеќе дела му се наградени и откупени од издавачки куќи.

Наводи

Категорија:Македонски писатели