Омри Ганделман (роден на 16 мај 2000 година, во Ход Хошарон) — израелски фудбалер, играч од средниот ред на и на израелската репрезентација.
Биографија Ганделман е роден и израснат во Ход Хашарон, Израел, во израелско семејство од ашкеназиско еврејско потекло и од сефардиско еврејско потекло. Тој е син на поранешниот израелски кошаркар Шмуел „Шмулик“ Ганделман, и внук на Рами Ганделман, поранешен кошаркарски тренер и спортска личност во Ерусалим.
Клупска кариера Почетоци и Макаби Нетанја Ганделман ја започнал својата кариера во родениот град Ход Хошарон, со екипата на Хапоел Ход Хашарон. Подоцна, тој бил дел од академиите и на други изралески клубови како Макаби Петах Тиква и Хапоел Ранана. Во 2018 година, тој бил скаутиран од германската екипа на Веен Висбаден и поминал одредено време таму, пред да се врати во родниот Израел на задолжителна воена служба.
Кон крајот на 2018 година, тој се приклучил на Макаби Нетанја, каде поминал речиси две години во младинските екипи, пред да го направи своето сениорско деби со клубот во победата со 3-1 над Хапоел Ирони Кирјат Шмона во Премиер лигата на Израел на 2 јуни 2020 година. Следната сезона, 2020-2021, ја започнал играјќи редовно како стартер на позицијата централен дефанзивец, а на 31 октомври 2020, го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера во победата со 3-0 на домашен терен над Хапоел Кфар Сава.
Преместувајќи се понапред во средниот ред, тој продолжил да биде стандарден и во следните две сезони во Макаби Нетанја, постигнувајќи и повеќе голови. Во сезоната 2022-2023, неговата последна со Макаби Нетанја, тој го освоил својот прв трофеј со клубот откако го победиле Хапоел Бершева по изведување на пенали во финалето на Тото купот.
Гент На 19 август 2023 година, Ганделман потпишал четиригодишен договор со белгискиот клуб Гент, кој за него му платил на Макаби Нетанја 2.3 милиони евра.
Лече На 9 јануари 2026, Ганделман потпишал триипол годишен договор со италијанскиот клуб од Серија А, Лече. Својот прв гол за клубот, а воедно и во Серија А, го постигнал на 8 февруари 2026, во победата со 2-1 на домашен терен над .
Репрезентативна кариера Од 2021 до 2023 година, Ганделман настапувал за израелската репрезентација под 21 година. Со неа учествувал на Европското првенство 2023 во Грузија и Романија, каде израелците стигнале дури до полуфиналето во кое загубиле од со 0-3. Ганделман ги одиграл сите натпревари и постигнал еден гол, во победа со 1-0 над , одлучувачка за Израел да ја мине групната фаза.
На 12 ноември 2021, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација, влегувајќи како замена во поразот со 4–2 од во квалификациите за Светското првенство 2022.
Во 2024 година, Ганделман бил избран во составот на олимписката репрезентација на Израел, да настапи на машкиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри 2024 во Париз. Таму ги одиграл сите три натпревари на својата земја и постигнал гол во поразот со 2-4 од , но Израел бил елиминиран уште по групната фаза со само еден освоен бод.
На 10 октомври 2024, го постигнал својот прв гол за сениорската репрезентација во поразот со 1-4 на домашен терен од во УЕФА Лигата на нации.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Макаби Нетанја Тото куп на Израел (ПЛ) : 1 2022–2023
Наводи
Надворешни врски
Омри Ганделман на transfermarkt Омри Ганделман на espn Омри Ганделман на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Макаби Нетанја Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Израелски фудбалери Категорија:Родени во 2000 година