мини|десно|Портрет на Колоред од Себастијано Бомбели Ермес ди Колорет (, ; – ) — италијански гроф и писател кој му служел на Големиот војвода на Тоскана, на Светиот римски цар и на Венецијанската Република. Тој е надалеку познат како татко и основоположник на фурланската книжевност.
Биографија Ермес е роден во Колоредо ди Монте Албано, Фриаули. Бил братучед на Чиро ди Перс, се школувал на дворот на Медичи во Фиренца како паж на Големиот војвода Фердинандо II, а подоцна станал професионален војник. Влегол во служба на царот Фердинанд III за време на Триесетгодишната војна како како офицер на кирасири, по наредба на неговиот чичко, генералфелдмаршал Рудолф фон Колоредо, управник на Прага, а подоцна служел во Венецијанската Република како коњанички полковник. Се пензионирал во 1658 година на својот имот, за да се фокусира на пишувањето поезија, од која поголемиот дел е фокусиран на темата љубов.
Ермес напишал повеќе од 200 сонети, и на фрулијански и на италијански јазик. Тој го користел коинето од Сан Даниеле, кое станало најзначајниот литературен јазик и основа на денешниот стандарден фрулијански. Поезијата на Ди Колоредо е особено впечатлива по својата барокна сликовитост. Неговите живи дијалози генерално се сметаат за вистинско потекло на фрулијанската проза. Ермес ди Колорет починал во Горицо, Кодроипо, на 21 септември 1692 година.
Поврзано Фурланска книжевност
Наводи
Литература
„ Ermes di Colloredo: Poesie Friulane, l'Opera Completa “. LiteraryJoint Press, Филаделфија, ПС, 2019. Целосното дело на Ермес Ерл од Колоредо, целосен текст. ISBN 978-0-359-73730-7
Надворешни врски Sonets dal sît Centri Friûl Lenghe 2000 (фурлански) Лис поезис (фурлански) Altris poesiis (фурлански)
Категорија:Италијански поети Категорија:Барокни писатели