Стефан Ѓакиќ (Белград, 27 декември 1991 година) е српски писател.
Биографија Стефан Ѓакиќ бил роден и израснал во Белград во 1991 година како постаро дете во семејството. Го завршил Електротехничкото училиште „Никола Тесла“ во Белград. Студирал англиски јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград.
Својот прв роман, „Опседнатата Ровенсија“(„Уклета Ровенсија"), го објави во 2018 година. Романот е преведен на англиски и руски јазик. На руски јазик излегол во издание на Националната библиотека „Руска библиотека“ во Панчево. Вториот роман на Стефан „Немирите на ровенсискиот лав“, е продолжение на неговиот прв роман. Неговиот трет роман се вика „Логиката на несмислата“ („Логика несмисла"). Објавил збирка поезија „Кристина“. Го објавил расказот „Синиот човек“ („Плави човек") во збирката раскази „Нов Свиток“. Објавил есеј за поетот Милорад Петровиќ Сељанчица во Зборникот „Културно наследство на Милорад Петровиќ Сељанчица“ во издание на Националната библиотека „Радоје Домановиќ“ во Рача.
Првите два романа на Ѓакиќ се фиктивни дела со историска подлога. Врон Коенел е омилен лик на повеќето луѓе кои ги прочитале неговите романи. Овој лик има митски статус внатре во измисленото кралство на Стефан и евоцира подлабоки теми како што се отфрлања, изолации и жртвувања.
Стефан Ѓакиќ е член на Друштвото на писатели на Србија од 1 јануари 2022 година.
Дела
Опседната Ровенсија (2018) Синиот човек (2018) Немирот на ровенскиот лав (2023) Кристина (2024) Логиката на несмислата (2025)
Наводи
Категорија:Српски писатели Категорија:Родени во 1991 година