Никола Ганчев Еничерев е бугарски просветен деец, општественик и писател.

Биографија

Рани години Роден е во месец мај во 1844 година во Пловдив, тогаш во Османлиската империја, во семејството на Нона Брадистилова и Ганчо Еничерев од Панаѓуриште, кои се преселиле во Пловдив по чумата од 1833 година. Во 1850 година започнал да учи при ѓаконот Иларион Хиландарски, а од 1853 година е ученик во Централното бугарско училиште, каде му предаваат Јоаким Груев, Христо Г. Данов и Константин Геров. Во 1862 година Еничерев станува помошник учител при Јоаким Груев, која должност ја извршувал до 1865 година.

Учителската дејност во Прилеп Во периодот од 1866 до 1877 година Никола Еничерев е главен учител во Прилеп, каде што станал еден од видните дејци на бугарската просвета во Македонија. Го реформирал Прилепското училиште, развивајќи го од основно во класно и создава услови тоа да прерасне во специјализирано за начални учители.

Еничерев е помеѓу водачите на борбата за црковна и духовна независност во Прилепско и како резултат на широката дејност на 25 февруари 1868 година била отфрла Цариградската патриаршија, а грчкото училиште било изведено од општинската зграда. Тутунџискиот еснаф во Прилеп за свои патрони ги зел Св. Кирил и Методиј по идеја на Никола Еничерев и така 11 мај станал општоградски празник. По негова идеја се создават и други еснафски друштва. Избран е за претседател на новосоздаденото во пролетта 1867 година читалиште „Надежда“, кое станало културен центар во реонот.

Враќање во Бугарија По создавањето на Кнежеството Бугарија во 1878 година, Еничерев се сели во Софија, кадешто работел како учител и чиновник.

Тој оставил зад себе спомени со наслов „Спомени и белешки“ (Възпоменания и бележки), кои се вреден извор за просветата во ПрилепскоЛитературна история, том 5, Издателство на Българската академия на науките, София, 1979, стр. 33. и заземаат важно место во бугарската мемоаристика. Мемоарите му содржат раскази за раните години во Пловдив, кога бил сведок на борбата за национална еманципација на градот, како и прикази за настаните што ги преживеал во Македонија.

Публикувал статии во весникот „Македонија“. Во некои од статиите се потпишувал како Никола Ганчев.

Библиографија

Наводи

Категорија:Бугарски просветни дејци Категорија:Родени во 1844 година Категорија:Учители во Прилепското класно училиште