Георги А. Миндов (Гуменџе, – Софија, ) — македонски преведувач и писател во Бугарија, учител на Солунската машка гимназија.
Животопис лево|мини|Руско-бугарскиот речник на Д. Благоев и Г. Миндов, 1914 г. Миндов е роден на 18 јануари 1863 г. во гратчето Гуменџе, Егејска Македонија, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1885 г. дипломирал на Физичко-математичкиот факултет во Москва. Работел како учител. Во учебната 1885/1886 год. предавал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
На 15 мај 1913 г., како претставник на Ениџевардарското добротворно братство, тој го потпишал Меморандумот за заедничката македонска емиграција.
Тој објавил бројни преводи од руски јазик во бугарскиот печат, а неговите преводи на Чехов биле критички пофалени од Ана Карима. Во 1914 година, заедно со Димитар Благоев, тој го составил првиот и најкомплетен „Руско-бугарски речник“.
Починал на 6 септември 1924 г. во Софија, Бугарија.
Наводи
Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски учители Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Дејци на Македонските братства