Афрера — хиперсолено езеро во северна Етиопија. Сместено во Килбет Расу во регионот Афар, тоа е едно од езерата на депресијата Данакил. Има површина од 117 километри квадратни. Максималната длабочина на езерото е 80 метри во северниот слив и 76 метри во јужниот слив. Ниедна поголема река не истекува од езерото. Во него се влеваат топли извори по должината на брегот.
Езерото е познато како езеро Џулиети, име кое било дадено од Рајмондо Франкети откако италијанскиот истражувач Џузепе Марија Џулиети бил убиен од Афарите. Друго име за оваа водна површина е Егоги (или Егоги Бад), кое е името што му го дал водичот Афар на Л.М. Несбит кога италијанскиот истражувач станал првиот Европеец што го видел во 1928 година.
Островот Франкети (исто така познат како „Десет“), којшто е единствениот остров на езерото се смета за најниско поставен остров во целиот свет.
Пе-ха вредноста на езерото Афрера е ниска, во киселиот опсег, што го прави различно од другите езера во Етиопија. Покрај малата проученост на езерото, сепак се познати неколку видови риби коишто живеат во езерото Афрера, вклучувајќи два ендемити : Danakilia franchettii (циклид) и Aphaniops stiassnyae.
Поврзано
Карум Асалско Езеро
Наводи
Категорија:Езера во Етиопија Категорија:Координати на Википодатоците