Посета (германски: Heimsuchung) — роман на германската писателка Џени Ерпенбек, првобитно објавен во 2008 година. Книгата ѝ е посветена на Дорис Каплан.Dženi Erpenbek, Pohođenje. Beograd: Geopoetika, 2009, стр. 8. мини|Џени Ерпенбек во 2012 Содржина Во близината на Берлин, во едно село покрај ледничкото езеро, наречено Краинско Море, живее еден градинар, кој е молчелив и недружељубив, но несебично им помага на сите селани во нивната работа. Кметот на селото, Вурах, има четири ќерки од кои најмладата, Клара, полудува, а кога татко ѝ ја продава шумата која претставува нејзино наследство, таа извршува самоубиство. Шумата ја купува архитект од Берлин, кој гради куќа за одмор, а градинарот му помага во уредувањето на дворот. Сопственик на соседниот имот е Лудвиг, сопственик на фабрика за крпи, кој во 1936 година емигрира во Јужна Африка, а во 1939 година, неговиот татко му го продава имотот на архитектот. Подоцна, и родителите на Лудвиг се обидуваат да емигрираат, но без успех, така што завршуваат како жртви на холокаустот. Сестрата на Лудвиг, исто така, се обидуав да емигрира во Бразил, но без успех, и во 1942 година завршува во гетото во Варшава, а потоа и таа е убиена. Нејзината 12-годишна ќерка Дорис, некое време се крие во тајно засолниште во куќата, меѓутоа најпосле и таа е откриена и стрелана. Берлинскиот архитект го купува имотот за својата втора сопруга, неговата секретарка, која долги години безгрижно уживо во одморите крај езерото, но идилата е прекратена во Втората светска војна, кога на имотот доаѓа Црвената армија. Тогаш, жената на архитектот се крие во гардероберот, но ја открива младиот мајор, кој, ред да си замине војската, ѝ остава парче леб. Архитектот и неговата сопруга живеат на имотот уште неколку години по војната, но советската власт ја национализира фирмата на архитектот, а тој и сопругата се принудени да ја напушти земјата. Непосредно пред преселбата во Западен Берлин, архитектот ја заклучува куќата, а повредните работи ги закопува. По нив, куќата ја изнајмува брачен пар писатели при што градинарот продолжува да работи на имотот. Дваесет години подоцна, еден лекар присвојува дел од имотот и прави големи промени, а градинарот е веќе стар и по повредата на ногата веќе не работи речиси ништо, така што имотот полека се запустува. Шупата крај езерото ја изнајмува брачен пар кој тука го минува летниот одмор. Во младоста, мажот се обидел да пребега во Западна Германија, поради што бил затворен, а потоа работел како фабрички работник. За време на одморот, неговата жена дознава дека нејзиниот татко не ѝ бил вистинскиот татко и дека има сестра од која била раздвоена уште од детството. Наследниците на првите сопственици (архитектот и неговата жена) започнуваат постапка за враќање на имотот, така што вторите сопственици (потомците на брачниот пар писатели) се иселуваат и куќата останува празна и постепено пропаѓа. Еден ден, градинарот исчезнува. Внуката на писателите доаѓа во куќата, темелно ја чисти и неколку дена останува тука, сеќавајќи се на детството. Во меѓувреме, во куќата неколкупати доаѓа претставничката на агенцијата за недвижности со неколку потенцијални купувачи. Најпосле, имотот се продава, внуката на писателите си заминува, а по некое време, куќата ја уриваат.Dženi Erpenbek, Pohođenje. Beograd: Geopoetika, 2009.

За делото Романот бил примен од книжевната критика со пофалби. На пример, списанието „Шпигел“ (Der Spiegel) го оценил како ремек-дело, а весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (Frankfurter Allgemeine Zeitung) како виртуозно дело. Владислав Бајац, пак, ги истакнува совршено стилизираните слики и оригиналната поетика на Ерпенбек. Покрај тоа, романот бил награден со неколку книжевни награди, како: наградата на Саемот на книги во Лајпциг, како и наградите „Herta Kenig“, „Золотурнер“ и „Хајмито фон Додерер“.Dženi Erpenbek, Pohođenje. Beograd: Geopoetika, 2009. Исто така, благодарение на големиот успех кај публиката, врз основа на романот била изготвена радиодрама која се прикажувала на Баварското радио.Jan Krasni, „Ishodišta i odredišta Dženi Erpenbek“, во: Dženi Erpenbek, Pohođenje. Beograd: Geopoetika, 2009, стр. 152.

Во романот „Посета“, писателката користи техники преземени од другите медиуми. Исто така, таа ја применува и постапката на монтажа (во романот се вметнати делови од правен текст, етнографски записи, технички упатства итн.), што во германската книжевност е познато уште од познатото дело на Алфред Деблин, „Берлин, Александерплац“. Влијанието на театарот, филмот и другите медиуми за забележува и во наративната постапка, во нижењето на сцените, по резовите меќу нив и во употребата на флешбекот (кој не е вистинска реминисценција). Особено треба да се истакне ритамот на романот, кој во репетитивните, но речиси секогаш малку изменети, пасажи потсетува на примената на техниката на музичката композиција во книжевното дело, карактеристична за Томас Ман, со тоа што нејзиниот случај повеќе потсетува на фиксната идеја (ideée fixe) на Хектор Берлиоз отколку на Вагнеровиот лајтмотив. Благодарение на овие својства и на иновациите, романот „Посета“ претставува продолжение на долгата традиција на германската книжевност и на германската култура, воопшто.Jan Krasni, „Ishodišta i odredišta Dženi Erpenbek“, во: Dženi Erpenbek, Pohođenje. Beograd: Geopoetika, 2009, стр. 152.

Наводи

Категорија:Дела на Џени Ерпенбек Категорија:Германски романи Категорија:Романи на германски јазик Категорија:Книги од 2008 година Категорија:Романи кои се одвиваат во Германија