Константин (Костадин) Евстатиев Стателов е бугарски учител и деец на доцната бугарска преродба.
Биографија Роден е во град Љасковец во 1864 година. Родот му има албански корени и се преселува таму во XVII век. Со стипендија учи педагогика во Москва, кадешто се запознава со Елена Стателова од Дебарско и двајцата склучуваат брак.
Учителствувал со сопругата во различни градови, како Силистра, Шумен, Солун, Садово, Русе. Во 1882 година е назначен во Солунската бугарска машка гимназија како учител и инспектор - ја вршел распределбата на часовите, ги надгледувал класовите и поведението на учениците и учителите. Во различни периоди ги раководел хорот и пансионот на гимназијата. Во 1888 година за три месеца е директор на гимназијата по оставката на Георги Кандиларов.Исторически преглед, Том 60, Броеве 1 – 2, Българско историческо дружество (Българска академия на науките), 2004, стр. 53. Во септември 1884 година е избран за член на Солунската бугарска општина.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877 – 1878. Том първи, книга първа, стр. 579. Управител е на бугарските училишта во Битолскиот Вилает во годините 1888 – 89. После тоа станал учител и после директор на Солунската бугарска женска гимназија.
Во 1895 година се населил во Варна. Во 1909 година отворил книжарница во Варна за руска и друга странска литература.Дневни новини: Нова книжарница. „Свободен глас“, бр.25, 05.07.1909, стр.4. Бил учител и директор на Варненската гимназија.
Починал во 1923 година во Варна.Български родословия.
Наводи
Категорија:Родени во 1864 година Категорија:Починати во 1923 година Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија