The Whispered World (македонски: Светот на шепотот) — германска авантуристичка игра со посочување и притискање од 2009 г., развиена од Daedalic Entertainment и објавена од Deep Silver во Европа, а од Viva Media во Соединетите Американски Држави. Играта била издадена за Microsoft Windows, macOS, Linux и iOS.

Посебно издание на играта било објавено во 2014 г., а нејзиното продолжение, со наслов Silence, било издадено во 2016 г. Играта е поделена на четири чина и се одвива во фантастичен свет. Нејзин главен лик е меланхоличен дванаесетгодишен кловн. Графиката е 2D, при што сите елементи се рачно цртани и анимирани.

Играчки процес Играчкиот процес не се разликува многу од другите авантуристички игри од овој тип — тој вклучува класично управување посочи и притисни (англ. point-and-click), инвентар и можност за осветлување на активните предмети со притискање на копчето „Празно место“.

„Бисерот“ на играта е придружникот на Седвик, гасеницата по име Спот (англ. Spot). Кога се наоѓа во разни неволји, Спот стекнува способност да се преобрази — до крајот на играта, тој има пет различни облици (обична гасеница, тешка топка, огнена гасеница, пет мали гасеници Спот и лента).

Приказна Играта ја раскажува приказната за кловнот Седвик, кој живее во бајковитиот свет Сајлентија (Silentia), чие име потекнува од латинскиот збор silentium, што значи „безмолвие, тишина“. Него го мачат страшни кошмари во кои некаква сина топка претскажува дека токму Седвик ќе биде причина за пропаста на целиот свет. Згора на тоа, во стварноста, Седвик е прикажан како несмасен, плашлив и кукавица.

Со помош на гасеницата по име Спот (англ. Spot), Седвик минува низ искушенија што се, во целост, типични за бајковито-хумористичните авантуристички игри. Конечно, тој ја поправа шемата на Сончевиот Систем, која е мистично поврзана со самата вселена — и токму тогаш сината топка се појавува и на јаве. Тој успева да се ослободи од оваа топка; останува само да му ја донесе живата вода на кралот — и тоа успева да го направи, иако притоа успева да го загрози (или уништи) поголемиот дел од светот.

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Линукс Категорија:Игри за iOS Категорија:Игри за Mac OS X __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__