Океаниум (герм. Ozeaneum) — јавен аквариум во германскиот град Штралзунд. Тој е главна атракција на Германскиот океанографски музеј (герм. Deutches Meeresmuseum) , веројатно една од трите најголеми институции од ваков вид во Европа.
Океаниумот е сместен во историското пристаниште Штралзунд на балтичкиот брег, а ги отворил своите врати на јавноста во јули 2008 година. Тој претежно прикажува морски свет од Северното и Балтичкото Море.
Се очекувало Океаниумот да биде голема туристичка атракција и да прима 550.000 посетители годишно, но брзо ја надминал својата цел и се покажал како значително попривлечен од очекуваното, и до крајот на првата година веќе имал над 900.000 посетители. Милионитата посета се случила на 27 јули 2009 година.
На 22 мај 2010 година, Океаниум Штралзунд ја добил наградата за Европски музеј на годината на церемонија во финскиот град Тампере.
Надворешни врски
Report on the Construction of Ozeaneum Aquarium Manufacturer of Acrylic Windows Throughout Aquarium Ozeaneum at Google Cultural Institute
Категорија:Штралзунд Категорија:Знаменитости во Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Научни музеи во Германија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Аквариуми