десно|мини|Шкоцјански пештери Река (буквално, „река“ на словенечки), или Нортањска Река (), е река која извира како Голем поток () во Хрватска, на јужната страна од планината Снежник, и тече низ западна Словенија, каде што првично е позната и како Велика Вода (). Реката е 54 километри долга, од кои 51 километар е во Словенија. Кај селото Шкоцјан исчезнува под земја низ Шкоцјанските Јами, течејќи 38 километри под Словенечкиот Карст. Реката продолжува како дел од Тимаво во Италија. Студиите за траги покажале дека таа ги напојува и изворите на други места на Јадранскиот брег помеѓу Трст и Монфалконе. Има плувијален режим.
Наводи
Надворешни врски
Condition of Reka at Cerkvenikov Mlin Archived 2016-03-03 at the Wayback Machine and Škocjan Archived 2016-03-04 at the Wayback Machine - graphs, in the following order, of water level and flow data for the past 30 days (taken by ARSO) Категорија:Јадрански слив Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Реки во Словенија