Пака — река долга 40 километри во Словенија. Тече низ Велење и се влева во Савиња како лева притока.
Географски карактеристики Реката Пака извира под планинскиот врв Воловица висок 1455 м во Камнишките Алпи, на надморска височина од 1.280 метри. Од изворот, Пака тече кон југозапад, кон Велење и Шалешките езера. Кај Шоштање оштро врти кон југ и тече до своето устие во реката Савиња кај населеното место Речица об Паки во општината Шмартно об Паки, на надморска височина од 305 м. На својот пат прима повеќе помали притоки, а најзначајни се Велуња, Бечовница и Топлица.
Сливот на Пака опфаќа околу 210 км², и најголемиот дел се протега по планински предел, а помал дел по рамнина. Пака е бујна река. Поради големото сечење на шумите во областа на нејзините притоки во 19. век често била разорувана. Пака има најнизок проток на вода во август (во Шоштање 1,86 м³/с), а највисок во пролетта (април 3,52 м³/с), додека годишниот просек изнесува 2,5 м³/с.
Долината на Пака е природна патна врска помеѓу Похорје, делот од Подравина и Велењската и Цељската котлина.
Поврзано
Список на реки во Словенија
Наводи
Надворешни врски
Condition of Paka - graphs, in the following order, of water level, flow and temperature data for the past 30 days (taken in Šoštanj by ARSO)
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Реки во Словенија