десно|мини|200x200пкс|Вештачки брод преку поток за возила и пешачки мост десно|мини|200x200пкс|Брод заменува мост преку поток мини|Преминување на река во Исланд Брод, газ или газалиште — место каде што водата е толку плитка што е можно да се прегази. Брод е природна или вештачка плитка вода. Вештачката плитка вода може да замени поскап мост, освен за време на поплави.
Денес, газалиштата обично се користат само за преминување преку потоци и споредни патишта, но во минатото ваквите плитки места биле важни и на поголемите реки. Постојат многу места именувани како „брод“. На англиски, ford значи само брод - плиток дел - и е составен дел од многу имиња, на пример Стратфорд, Оксфорд; слично на германски, furt образува имиња како што се Ерфурт, Франкфурт, Клагенфурт, Оксенфурт, Швајнфурт.
Иако на македонски, хрватски и српски јазик, зборот „брод“ добил поинакво значење (за разлика од рускиот, каде што едноставно значи плитка вода), топонимите се поврзани со премини на реки, главно во плитка вода.
Примери за словенски топоними:
Македонски Брод Брод, Битолско Бродец, Тетовско Бродец, Гостиварско Бродец, Скопско Брод, Бохињ Брод во Подбочје Брод на Купа Славонски Брод Босански Брод
Наводи
Категорија:Водотеци